НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас е умерен оптимист за решение

0
By Нова ТВ on March 12, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: документо.гр
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Mинистерот за надворешни работи на Грција во интервју за грчкиот весник „Документо“ вели дека е  умерен оптимист во однос на решението на спорот за името и дека на двете страни се уште им претстои многу работа.

Тој ги пренесува веќе познатите ставоти за промена на Уставот, за името да биде и за внатрешна и за меѓународна употреба и за да се избегнат идни обвинувања дека биле прекршени уставните одредби, вели

 

– Промената на Уставот на пријателот и сосед, значи, прво имплементација на ерга омнес, односно употреба на новото име во сите случаи, на меѓународно и внатрешно ниво, како и за избегнување на идни несогласувања што би произлегле без оваа промена. Второ, дека во иднина би се избегнало една друга влада кај соседот да побара објаснувања за прекршување на Уставот, ако Меѓународниот договор излегува од надлежностите, вели шефот на грчката дипломатија, пренесува МИА.

Според Коѕијас, решението не треба да биде „едниот да му го наметне неговото мислење на другиот“, туку во пакет договор што ќе ги содржи неопходните заемни компромиси: елиминирање на иредентизмот и предвидување мерки и услови за да нема одново појавување, поддршка за интеграција на соседната земја во меѓународните организации и заеднички активности.

На прашањето дали еден Меѓународен договор би бил доволен за да се избегнат уставни промени кај нас, Коѕијас се повикува на досегашното искуство со одлуките на националните судови на земјите членки на Европската унија.

– Врз основа на член 27 од Виенската конвенција за договори, содржината преовладува над националното законодавство. Но, овој принцип се почесто не се спроведува. Ги знаеме одлуките на националните уставни судови на земјите – членки на ЕУ во врска со подреденоста или не на националното законодавство кон европското, за прашања поврзани со тврдото јадро на Уставот, а името е едно од тие. Според нив, Уставот го надминува секој Меѓународен договор, објаснува Коѕијас, пренесе МИА.

Косијас вели дека за се ова да се спроведе, потребно е време.

– Се уште имаме многу работа. Но, можностите да се најде решение се поголеми отколку во претходните години. Сакам да бидам умерено оптимист. Ги знам потешкотиите и знам низ колку пресврти поминуваат преговорите. Не е потребен прекумерен ентузијазам кога се изгледа лесно, ниту разочарување кога произлегуваат потешкотии. На сите оние што работат во дипломатијата, работата им е ентузијазмот да го направиме позитивна енергија за да се соочиме со потешкотиите и да ги надминеме, вели Коѕијас во интервју за “Документо“.

време ерга омнес интервју Коѕијас оптимизам преговори промена на устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.