Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фестивалот EXIT прогласен за шампион на регионалната соработка

0
By Нова ТВ on March 15, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 15, 2018 12:06

Светски познатиот музички фестивал EXIT е прогласен за шампион на регионалната соработка на Западен Балкан за 2017 г.  од Регионалниот совет за соработка (РСС), што синоќа во Сараево ја одбележа десетгодишнината од својата работа.

Наградата му е врачена на основачот на EXIT Душан Ковачевиќ од генералниот секретар на РСС Горан Свилановиќ, кој истакна дека „фестифалот со универзални музички содржини ги надминува културолошките, политичките и сите други разлики и ни нуди ново време и прозор кон светот на иднината во духот на толеранцијата, разбирањето и просперитетот, на што сите треба да се угледаме“.

Фестивалот EXIT од секогаш беше повеќе од музички фестивал, формиран е како активистичко движење за слобода и мир на Балканот, со цел да ги собере и помири младите од целиот регион, изјави Ковачевиќ, заблагодарувајќи се на РСС што ја препознал таа страна од фестивалот.

РСС е меѓувладино оперативно тело на земјите членки од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), чиј основач и полноправен учесник е и Република Македонија. Ова тело со седиште во Сараево е формирано во 2008 во Софија и е наследник на поранешниот Пакт за стабилност.

Во 2013 година ја донесе Стратегијата ЈИЕ 2020, а од мината година со усвојувањето на Повеќегодишниот акционен план за земјите од Западен Балкан на самитот во Трст,  Советот е одговорен заедно со Европската комисија за унапредување на соработката со владите од регионот и изградба на единствен економски простор, како дел од претпристапниот процес за зачленување во Европската унија.

Егзит награда регионална соработка РСС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.