Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Наскоро реконструкција на Владата, нема преговори со ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on March 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 16, 2018 15:58

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска најави дека ќе има реконструкција на Владата и дека почнуваат разговори за зголемување на парламентарното мнозинство.

„Веројатно ќе разговараме со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев по денешниот Форум за владеење на правото во ЈИЕ.

Реконструкцијата, како што објасни тој, ќе бидат договорите со политичките партии и пратениците кои би ја прифатиле владината програма за влез во парламентарното мнозинство.

Тој смета дека ваков процес би значел сериозна порака до граѓаните, до стопанството, до општеството дека Владата има намера преку посилно и стабилно мнозинство во Собранието да носи сериозни одлуки во Република Македонија, кои, како што рече, се на повидок и доаѓаат.

„Апсолутно ќе разговараме со сите кои имаат намера да поддржат концепт на едно општество за сите, оние кои се придржуваат до вредностите на ова владејачко мнозинство, а тоа апсолутно со Законот за јазиците е определено во кој правец ќе се движиме“, изјави Заев.

Тие што според него не даваат шанса, нема ни да бидат вклучени во преговорите. Заев дополни и дека добро одат работите кон измени во Законот за политички партии.

„Во рамки на изборното законодавство јас го соопштив нашиот концепт, дека се залагаме за една изборна единица, професионални институции, ДИК да биде административен орган, а политичките партии да учествуваат шест месеци пред изборите“, рече Премиерот.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев парламентарно мнозинство реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.