Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ременски: Членови на ВМРО ДПМНЕ протестираа пред мојот дом

1
By Нова ТВ on March 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 18, 2018 21:35

Вечерва, група од 40 тина лица се собраа пред домот на пратеничката од СДСМ Фросина Ременски која е и потпретседателката на Собранието, негодувајќи поради гласањето за Законот за јазици. Групата упатувала закани и навреди кон Ременски и нејзиното семејство.

Ременски најави  дека ќе поднесе кривична пријава против демонстрантите кои, како што таа тврди, се членови на ВМРО ДПМНЕ.

 

„ Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, ОК на нивната партија од Карпош на чело со поранешниот и сегашниот претседател на ОК Карпош Сашо Лазаревски и Тони Јаревски (актуелен советник во Карпош), заедно со позната група на партиски активисти вечерва “протестираа” со отров во устата и душата пред мојот дом.
Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со се што поседувам како доказ за кажаното.
Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине.
Од вечерва сум и Македонка, и Албанка, и Турчинка, и Ромка, и Босанка, и Влаинка и Србинка …, викајте ме како сакате, затоа што знам дека, им сакам добро на сите без разлика на вера и етничка припадност.
Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете !“ напиша Ременски на својот фејсбук профил.

 

 

Претходните денови се протестираше и пред домовите на пратениците на СДСМ од Прилеп и Велес, а беше запален автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски денеска негираше дека неговата партијата ги организира протестите пред домовите на пратениците.

„Навистина е жално да се гледа тоа што се случува во моментот во Македонија, некој тоа го испровоцира. Јас апелирав да не дозволиме да се случи оваа ситуација, но некој тоа не успеа да го препознае. За жал тие луѓе денес се премиери, министри, претседатели така наречени на Собранието и целата одговорност е кај нив за оваа новонастаната ситуација. Гледам дека полициски сили ги чуваат домовите на пратениците од СДСМ, од владејачкото мнозинство и навистина ние како политичка партија не можеме да оправдаме било какво насилство“ изјави денеска Мицкоски.

 

ВМРО-ДПМНЕ Закон за јазици протест Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.