НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Протестот е уставно право, но не и сеењето страв

0
By Нова ТВ on March 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестите пред домовите на пратениците на СДСМ по донесувањето на Законот за употреба на  јазиците, изјави дека протестот е уставно право, но она што се прави пред домовите на пратениците, пред нивните деца, членовите на нивните семејства и родители апсолутно е недозволиво.

-Тоа е кршење на приватноста на домот, директни закани се упатуваат, омаловажување и целосно сеење страв и трепет кај дечињата. Ние нема да дозволиме тоа така да продолжи. Децата на пратениците, лично јас, а и сите околу мене ќе ги заштитиме, рече Заев.

Тој посочи дека МВР презема дејствија, бидејќи се работи за кривични дела.

Тој нагласи дека не очекува нова политичка криза во земјава и покрај протестите пред домовите на граѓаните и најавите за протести од најголемата опозициска партија.

– Се е јасно кој стои зад протестите пред домовите на пратениците и како ги организира, но и апсолутно е јасно кој и какви пари и од каде ги прима за тоа, потенцира Заев.

Посочи дека она што се направи во Собранието при носењето на Законот за употреба на јазиците веројатно беше единственото можно решение согласно правото на претседателот на Собранието да констатира неделовничка и неуставна можност за блокирање за да се разгледуваат амандманите, после одлуката да се блокира функционалноста со поднесувањето 36.000 амандмани.

– Ние сме мултиетничка земја и многу е лесно да го посеете семето на национализмот, а прашање е како да изградите општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен. Апелирам Закнот да се пушти, да заживее и сите ќе видат дека не е болка за умирање, туку е за употреба на јазикот, а јазикот е за да се разбереме. Ништо нема да се промени во Македонија и безобразно е да се зборува дека во источна Македонија ќе морало да се учи албански јазик и дека ќе имало казни ако не се знае, или пак администрацијата ќе морала да учи албански јазик. Тоа се лаги, рече Заев.

Заев Закон за јазици МВР протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.