НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ременски најави кривична пријава за протестите пред нејзиниот дом

0
By Нова ТВ on March 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод вчерашните протести одржани пред домот на Фросина Ременски, пратеничката од СДСМ изјави дека денеска ќе поднесе кривична пријава за насилство против Тони Јаревски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош и претседателот на партискиот ОК, Сашо Лазаревски.

Таа смета дека група на граѓани се органзирани политички да изнесуваат навредливи зборови и да се закануваат по сигурноста и безбедноста на нејзиниот дом и семејство, што е гарантирано уставно право на секој граѓанин на РМ, како право на приватност, на неповредливост на домот и право на заштита и живот.

„Јас најавив кривична пријава и денеска ќе ја поднесам до ОЈО во Скопје, затоа што моите сознанија и докази со кои располагам, говорат дека зад организирањето на хулиганството пред мојот дом, стои Општинскиот комитет на ВМРО-ДПНЕ од Општина Карпош, заедно со актуелен советник и претседател на ОК на партијата, поранешен претседетал на ОК, повеќе вработени во јавни институции во РМ… Конечно во РМ нема да може да се практикува таков тип самоволие пред домови на пратеници кои согласно закон и Устав имаат право и обврска да гласат за закони по лично и сопствено убедување“, рече Ременски во изјава по конститутивната седница на Буџетскиот совет на Собранието на РМ.

Ременски додава и дека не станува збор за протест, бидејќи не е најавен до надлежни институции и повика ВМРО-ДПМНЕ да се огради од нивна организација.

Потврди дека се чувствува небезбедно, а кривичната пријава што ќе ја поднесе согласно Кривичниот законик,  предвидува и казна затвор за организаторите и учесниците на немирите.

И покрај најавените мерки за заштита на пратениците и нивните домовови, полицијата се поставила професионално, но според погрешен закон.

Таа смета дека наместо според Законот за протести, полицијата требало да постапува по Законот за јавен ред и мир, кој предвидува безулсовна заштита на сите граѓани на РМ на кои им се загрозени правата и имотот, како и според првата надлежност на полицијата, а тоа е да ги заштитува животот, правата, слободата, имотот на граѓаните, независно од тоа која функцијата која ја имаат во општеството.

безбедност ВМРО-ДПМНЕ протести сигурност Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.