Обединетите нации упатија повика до Турција да ја прекине вонредната состојба во земјата која, како што наведуваат, довела до масовно кршење на човековите права.
Според ОН, во Турција се уапсени 160.000 лица и речиси исто толку државни службеници се отпуштени во последните 18 месеци по неуспешниот пуч врз Ердоган.
Канцеларијата на ОН за човекови права наведе дека Турција треба веднаш да ја укине вонредната состојба и да го обнови нормалното функционирање на институциите и владеењето на правото.
Претседателот ма државата, Реџеп Тајип Ердоган, прогласи вонредна состојба по неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година.