НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕK предлага оданочување на Фејсбук, Амазон и Гугл во ЕУ

0
By Нова ТВ on March 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија предложи во Европската Унија да бидат оданочувани големите дигитални компании како Фејсбук, Амазон и Гугл.

Оваа мерка би можела да создаде тензии со САД од каде доаѓаат повеќето технолошки гиганти.

Еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси ги презентираше двата нови предлози на ЕК за оданочување на дигиталните фирми кои немаат физичко присуство на континентот.

Брисел сака да го оданочи приходот на одредени дигитални активности на технолошките гиганти. Конкретно тоа значи дека овој данок би се применил на активности како што се продажбата на рекламен простор, продажбата на податоци на корисниците или други дигитални активности кои ја олеснуваат размената на добра и услуги помеѓу корисниците.

Европската комисија смета дека со даночна стапка од три отсто би се генерирале околу пет милијарди евра приход за земјите членки. Таргетирани се компаниите со годишен глобален приход од над 750 милиони евра или европски приход од 50 милиони евра.

Вториот предлог е да се оданочи профитот на овие фирми во земјите каде исполнуваат еден од следните три услови, над седум милиони годишен приход во земја членка на ЕУ, над 100.000 корисници во една земја членка или над три илјади деловни договори за дигитални услуги помеѓу компанијата и бизнис корисниците.

Предлогот доаѓа во време кога европската јавност, според сите мерења на јавното мнение, е особено чувствителна на фискалната евазија на големите фирми, особено дигиталните. Но, тој доаѓа и во момент на затегнати односи меѓу ЕУ и САД.

Имено, овие предлози најмногу би ги опфатиле гигантите од Силиконската Долина, како Фејсбук, Амазон, Епл или Гугл.

Одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема, еврокомесарот Пјер Московиси изјави дека цел на ваквиот предлог не ниту една земја одделно.

– Околу 150 компании би биле засегнати од оваа такса, меѓу нив има и европски компании. Оваа такса е компатибилна со правилата на Светската тровска организација и не претставува одговор на скорешните најави за нови такси, изјави Московиси, алудирајќи на одлуката на администрацијата на Трамп да воведе нови царини за увоз на алуминиум и челик во САД.

Според проценките на Еврокомисијата, половина од засегнатите компании со овој даночен план се американски, а третина европски.

Овие нови предлози пред да стапат во сила, прво треба да бидат разгледани и одобрени од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ.  Лидерите на шефови и држави на ЕУ, кои се среќаваат утре и в петок во Брисел, ќе излезат со свое мислење за планот, најави Европската Комисија.

Амазон Гугл данок ЕУ Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.