НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијанскиот премиер Џентилони поднесе оставка

0
By Нова ТВ on March 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони синоќа официјално поднесе оставка на функцијата, по одржувањето на конститутивните седници на двата дома на Парламентот на Италија, чии членови беа избрани на парламентарните избори одржани на 4 март.

Џентилони му ја врачи оставката на италијанскиот претседател Серџо Матарела, при што нагласи дека тој и неговиот Кабинет ќе продолжат да ги извршуваат функциите се до изборот на новата влада.

По постигнатиот договор меѓу коалицијата на десниот центар и популистичкото Движење пет ѕвезди (М5С), двата дома на италијанскиот Парламент вчера ги добија своите нови претседатели.

За претседател на Сенатот е избрана 71-годишната Елизабета Алберти Казелати од партијата Форца Италија (ФИ)  на поранешниот премиер Силвио Берлускони, а за прв човек на Домот на пратениците е избран 43-годишниот Роберто Фико од М5С.

Со изборот на претседателите на двата дома на Парламентот заврши неговото конституирање и почна процесот за избор на нов владин кабинет на Италија, кој се очекува да не биде ни малку лесен имајќи предвид дека ниту една коалиција или партија нема парламентарано мнозинство, а опциите за формирање коалициска влада се малубројни.

Извори од кабинетот на Матарела најавија дека консултациите за избор на новата влада практично би можеле да започнат во вторник, но италијанските медиуми оценуваат дека се мали шансите тоа да се случи пред 3 април, односно пред велигденските празници.

Италија оставка Паоло Џентилони парламент премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.