НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протерувањето руски дипломати е кулминација на руското однесување

0
By Нова ТВ on March 27, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека координираното протерување руски дипломати покажало дека користењето нервен агенс во труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија, довело до кулминација на незадоволството кај меѓународната заедница поради однесувањето на Москва.

Џонсон во интервју за Би-Би-Си изјави дека Велика Британија и нејзините сојузници немаат никаков судир со рускиот народ, туку само со администрацијата на претседателот Владимир Путин.

Вкупно 15 земји членки на Европската унија, заедно со САД, Канада, Украина, Албанија, Македонија, Австралија одлучија да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија во случајот со труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал.

Москва, која остро ги негира обвинувањата за вмешаност во нападот, најави дека нејзиниот одговор на протерувањето руски дипломати ќе биде заснован на принципот на реципроцитет.

– Причината поради која тие го направија тоа (протераа дипломати) е затоа што одеднаш сфатија дека ова би можело да се случи и на нивна територија. Тие одеднаш увидеа дека ова е нов вид закана и оти Русија се однесува на специфично небрежен начин со посебен презир кон цивилизациските норми, рече Џонсон.

Тој истакна дека „за многу влади тоа што се случи во Салсбури, на некој начин, ги разјасни нивните лични фрустрации, лични разочарувања во начинот на кој се однесува Русија“.

Захарова: Зад акцијата на ЕУ стои НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска оцени дека зад акцијата на Европската унија стои НАТО, кој се користи со политика на казнување и се обидува да ја демонизира Русија.

– НАТО стои зад Европската унија. ЕУ е актрактивна политичка конструкција со моќната Северноатлантска алијанса зад себе, истакна Захарова.

Таа оцени дека „задачата е да се демонизира Русија“ и оти она на што сега сведочиме е дел од „долгорочната програма на неконтролирана русофобија“.

– Тоа е прашање не само за Русија како држава, туку прашање на Русите и рускиот народ“, изјава Захарова.

Таа нагласи дека САД и Обединетото Кралство стојат зад провокацијата во Салсбери и оти доказ за тоа се бројот на протераните руски дипломати.

– Да не беа денешните бројки, ќе нагаѓавме за причините на овој ѓаволски настап кој го изведе Обединетото Кралство или за реалната корист од целата ситуација, рече Захарова.

Таа потенцираше дека Русија однапред се подготвила за акцијата на британските сојузници.

– Сосема природно, по Самитот на ЕУ ние сфативме што ќе се случува и се подготвивме за тоа, изјави портпаролката на руското МНР.

дипломати протерување Русија Скрипал Џонсон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.