Пет лица обвинети за насилствата во Собранието на Македонија на 27 април минатата година, ноќеска повторно се приведени и пренесени во Истражниот затвор Скопје, по налог на Кривичниот суд, потврдија за МИА од МВР.
Неофицијално се работи за поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во времето на крвавите настани во Собранието Митко Чавков, Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР и Митко Пешов од Агенцијата за разузнавање синоќа повторно се приведени, откако Обвинителството за организиран криминал и корупција вчера поднесе обвинение против 30 лица за насилствата во Собранието од 27 април лани, при што заедно со тоа побарало и враќање на мерките притвор и куќен притвор за обвинетите.
Чавков е еден од обвинетите кои се товарат за терористичко дејствување, односно во Обвинението се споменува како еден од носителите на златна и сребрена команда кои иако знаеле не презелен ништо да спречан насилство.
Хронологија на настаните од крвавиот четврток: Се почнало во 14.30
Врховниот суд, на 26 март донесе одлука на овие обвинетите затворскиот притвор да им се замени со куќен.