Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Чавков, Ѓошевски, Лазаров, Поповски и Пешов вратени во притвор

0
By Нова ТВ on March 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 28, 2018 08:53

Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во времето на крвавите настани во Собранието, Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР и Митко Пешов од Агенцијата за разузнавање синоќа повторно се приведени, и се пренесени во Истражниот затвор Шутка, потврдија за нова од Кривичниот суд.

Определена им е мерка притвор од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Кривичниот совет делумно го прифатил барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција кое вчера поднесе обвинение против 30 лица за насилствата во Собранието од 27 април лани и притоа побара и враќање на мерките притвор и куќен притвор за обвинетите.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, донесе решенија со кои делумно го уважи предлгот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, информираат од Судот.

Против овие решенија, како што посочуваат од Судот, странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелационот суд – Скопје.

Чавков е еден од обвинетите кои се товарат за терористичко дејствување, односно во Обвинението се споменува како еден од носителите на златна и сребрена команда кои иако знаеле не презелен ништо да спречан насилство. Двајцата вработени во МВР се обвинетите за помагање на ова дело, со тоа што ги одзеле хард дисковите со видео материјалот од насилствата во Собранието, со цел, како што стои во обвинението, да ги скријат доказите.

Хронологија на настаните од крвавиот четврток: Се почнало во 14.30

Петмината се враќаат во истражниот затвор, два дена откако Врховниот суд, на 26 март донесе одлука на овие обвинетите затворскиот притвор да им се замени со куќен.

 

27.април ОЈО; обвинениет притвор Суд Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.