НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кољо им се приклучи на Чавков и на полициските службеници во Шутка

0
By Нова ТВ on March 29, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Академик.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никола Митревски – Кољо, еден од обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април, од вчера се наоѓа во истражниот затвор Шутка, откако сам се пријавил во полициска станица „Кисела Вода“.

Митревски во обвинителниот акт што беше поднесен пред два дена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се споменуваше како еден од 34 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и за помагање на истото дело за кои постапката беше прекината, бидејќи беа недостаппни на органите на прогонот. Но како што најави портпаролката на Обвинителството Елизабета Недановска, по нивното пронаоѓање постапката против нив продолжува.

Никола Митревски Кољо и Александар Василевски Нинџа

Во обвинението Митревски се споменува како врската преку која дошол телефонскиот повик од Виена, што се смета за знак за почеток на насилниот упад во Собранието, при што една од целите, како што е наведува во обвинението била и физичка ликвидација на премиерот Зоран Заев.

Тој е обвинет дека на 27 април во 14.30 часот добил телефонски повик да ја започне акцијата за упад во Собранието. Бил контактиран од лице од обезбедувањето на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со кого заедно биле во Виена, Австрија, објави порталот „Судство.мк“, повикувајќи се обвинението што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера го поднесе во Кривичниот суд против 30 лица.

ВМРО ДПМНЕ ги демантираше информациите  дека наводно човек од обезбедувањето на Никола Груевски дал наредба за активности поврзани со настаните на 27 април.

„Тоа е комплетно неточно. Ниту има таква работа, ниту пак тоа го пишува во обвинителниот акт кој го има поднесено обвинителството. Против посоченото лице не е покренато некакво обвинение, што значи дека се работи за вешто спакувана лага со цел да се манипулира јавноста“ пишува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Чавков, Пешов, Лазаров, Ѓошевски и Поповски се вратија во Шутка

По поднесеното обвинение за настаните во Собранието на РМ на 27 април минатата година, петмина обвинети чии жалби за притворите во понеделникот беа уважени од Врховниот суд, повторно се најдоа во Истражниот затвор Скопје по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Изречен им е 30-дневен притвор.

Во Истражниот затвор се вратени поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и поранешните полициски началници Душко Лазаров и Митко Пешов, како и двајцата собраниски обезбедувачи, Горан Ѓошевски и Оливер Поповски. Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, им определи 30 дена притвор поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од КЗ.

Поранешниот претседател на Врховниот суд Дане Илиев за НОВА објаснува дека одлуката за враќање во притвор е законска, бидејќи Врховниот суд претходно ги ослободил од притвор што бил изречен во истраќна постапка, а сега се работи за притвор по поднесување обвинение.

Кривичниот суд го одби барањето на Обвинителството иста мерка да им се изрече и на пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски. Судот им ја продолжи мерката куќен притвор. На пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, како и на Игор Дурловски и Елизабета Доцевска Божиновска и им се продолжени мерките за претпазливост определени со решение на Врховен суд.

Врската со Грујевски и Бошковски

Но ова не е единственото дело за кое се сомничи Митревски. Заедно со Александар Василевски – Нинџа, кој исто така во јавноста е познат како сторител на кривични дела и кој исто така се бара како обвинет за настаните од 27 април, се обвинети дека биле логистика во обидот за бегство на разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Нинџа и понатаму е во бегство, но според полициските извори и тој е во Македонија, дознава НоваТВ.

Фото Телма

Нинџа и Кољо во октомври минатата година, требало од Бугарија да стигнат во Унгарија, преку Србија за да ги пречекаат Грујевски и Бошковски, по слетувањето во Будимпешта. Планот им пропаднал, откако српската гранична полиција им забрани влез во државата еден ден пред Грујевски и Бошковски да бидат уапсени во Грција.

ТВ 24 во октомври минатата година, објави информација дека Василевски и Митревски при обид да влезат во Србија, биле вратени од граничниот премин, а можната причина според познавачите е потегот на Србија да се дистанцира и да не се инволвира во случувањата во Македонија.

Откако ова беше објавено од ТВ24, Никола Митревски Коља испратил демант во кој се оградува од обвинувањата кон него.

– Во мое лично име, сакам да демантирам дека требало на некого да помогнеме и да пречекаме или пак логистика да бидеме за било кој. Точно е дека сме застанати на српска граница заради тоа што  на трето лице му била пред истекување важноста на пасошот.  Исто така сакам да демантирам дека  се наоѓам во Бугарија. Моментално сум дома со семејството. Ве молам да не ги пополнувате вестите со нашите имиња и настаните од Собрание, туку да се земе во предвид  вистината и доказите за случувањата, напишал Кољo во демантот.

 

27.април Александар василвески Нинџа Бошковски Грујевски Никола Митревски Кољо обвинениет Шутка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.