НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Ахмети разговарале за проширување на коалицијата и за очекувањт

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев потврди дека вчера во Собранието имал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Како што рече денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, станало збор за очекувањата од денешните разговори во Виена, за проширувањето на владината коалиција и за реформските закони.

На Владата, истакна Заев, и треба постабилно парламентарно мнозинство зашто следуваат сериозни одлуки за Македонија.

До 10 април, потенцира премиерот, се очекува да бидат именувани замениците-министри на испразнетите места, директорите на јавните претпријатија и државните секретари, а до 17 април да се донесат реформските закони предвидени со Планот 3-69.

– Вчера поголем дел од времето поминав во кабинетот на претседателот на Собранието Џафери зашто до 15 април сакаме да ги донесеме реформските закони. На 10 април повеќето ќе бидат на седница, а заклучно со 17-ти, кога треба да го добиеме извештајот од Европската комисија, очекуваме да бидат усвоени, рече Заев и додаде дека по извештајот, на 17 април очекува важни посети, на Могерини и Хан, за, како што истакна, убави работи.

Заев на прес-конференцијата уште еднаш апелира да се дозволи имплементација на Законот за употреба на јазиците, за кој претседателот Иванов одбива да го потпише.

– Да го пуштиме законот да живее за да видат сите дека нема ништо страшно во него и дека сме растоварани од какви биле предрасуди. Блокирањето значи дека некој се плаши законот да заживее, но кога ќе биде донесен сите ќе сфатат дека немало потреба и тоа било лага, рече Заев.

Според него, за законот има две опции или да оди пред Уставниот суд или она што го разгледуваат правните тимови во Собранието и другите институции.

 

Ахмети Заев Закон за јазици средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.