НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невин човек загина денес во пресметките на мафијашите во Подгорица

0
By Нова ТВ on March 31, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Управата на полицијата на Црна Гора Славко Стојановиќ и началникот на Центарот за безбедност на Подгорица Јовица Речевиќ, денес поднесоа оставки поради влошената безбедносна ситуацијата во Подгорица каде што во последните три дена се случија три убиства, изјави министерот за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ.

Во центарот на Подгорица денеска беа убиени две лица од страна на засега непознато лице а центарот на Подгорица беше блокиран. Лицето кое пукало е во бегство, а полицијата интензивно трага по него. Црногорските медиуми јавија дека нападот се случил во кафулето „Форум“.

Двете лица врз кои е пукано се пренесени во болница, од каде е соопштено дека починале. Црногорските медиуми јавија дека веројатно станува збор за пресметка меѓу мафијашки кланови. Едното починато лице е невина жртва загината во престрелката во градот.

Во експлозија во блиндиран автомобил пред два дена беше убиен Дражен Чаѓенович а овој случај исто така пресметка на организираните криминални банди во Црна Гора.

Во седум напади со експлозив од почетокот на годината, три се поврзуваат со пресметките на мафијата.

“Мислевме дека ќе избегнеме ситуација во која невини граѓани стануваат жртви на пресметките на организираните криминални банди како што беше случајот на Радивоје Јовановиќ кој денес загина во Подгорица”, изјави министерот. Тој за утре свика состанок на Советот за национална безбедност поради ситуацијата во главниот град. Состанокот ќе го води премиерот Душко Марковиќ.

По денешното двојно убиство, и директорот на Агенцијата за национална безбедност Дејан Перунчиќ денес го разреши раководителот на Центарот на оваа агенција Милан Ковачевиќ. На негово место е поставен Бојан Вукчевиќ вработен во контразузнавањето на Црна Гора.

 

 

оставки Подгорица пресметки на организирани криминални банди Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.