Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титаник“:СЈО пред судот со 25 000 страници доказен материјал

2
By Нова ТВ on April 2, 2018 ВЕСТИ
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 2, 2018 12:27

По барање на адвокатите, судијата Осман Шабани го одложи првото рочиште од судскиот процес за случајот „Титаник“ на СЈО и и даде на одбраната дополнителни 10 дена за да извршат увид во доказите од предметот . Шабани, наведе дека адвокатите ќе имаат можност секој ден во библиотеката на судот да вршат увид во доказите се до 12 април за кога е закажано следното рочиште.

Адвокатите побара увид во докaзите поради обемниот материјал и поради тоа што наводно во цедињата имало дополнителни докази.

Станува збор за доказен материјал на 25 000 страници, меѓу кои и 11 цедиња со прислушувани разговори и транскрипти од нив на повеќе од 1000 страници.

Дел од адвокатите пред неколку дена повторно поднеле барање до судот  да бидат изземени како доказ прислушуваните разговори и смс пораките, бидејќи како што сметаат станува збор за незаконски прибавени докази за кои Кривичниот совет на Основниот суд Скопје  еднаш се изјаснил дека не можат да бидат користени како доказ. Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова ваквите предлози на одбраната за увид во доказите и барањето за изземање на прислушуваните разговори ги оцени како обид да се одолговлекува постапката.

„Одбраната бара издвојување на доказите, односно материјалите прибавени од прислушуваните рзговори. Како што е веќе познато Апелациониот суд се произнесе во корист на СЈО, односно донесе решние со кое смимените разговори и смс пораки влегоа во доказниот материјал. Овој предлог треба да биде одбиен како неоснован, рече Стефанова која како неоновано го оцени и барАњето на одбраната з аувид во доказате, бидејки како што рече во текот на истрагата адвокатите имале можност во просториите на СЈО да се запознаат со доказите.

Обвинителката Стефанова се осврна и на тврдењето на адвокатот на екс замничката министерка за правда Билјана Бришковска дека не добила никакви дозкаи. Стефанова рече дека ги скенирале сите докази,  ги ставила во посебна папка и преку курирската служба на СЈО ги доставила до Бришковска – Бошковски.

„Обвинетата Билјана, го врати ковертот неотворен со забелешка напишана на рака, дека докази прима само од судот„рече Стефанова.

Во новата судница опремена за вакви големи случаи, беа присутни сите обвинети. Додека нивните адвокати се обидуваа да го одложат судењето, тие гледаат во своите телефони, поради што беа опоменети од судијата.

 „Оввинетите да престаната со телефоните. Наредниот пат ќе барам да ви бидат задржани од судската полиција и ниту еден обвинет нема да носи телефон во судница“ рече Шабани.

 

Во„Титаник“ ,  се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, неговиот шеф на кабинет Мартин Протуѓер, екс министрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски,замнеик министерката  Билјана Бришковска, пратеникот Илија Димовски , поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. Во овој предмет обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодорвски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Ова е најобемниот предмет на СЈО. Според обвинението, обвинетите формирале злосторничко здружување  со цел да влијаат врз гласачите на парламентарните, локалните и претседателските избори кои се одржаа од 2011 до 2014 година. Тие, исто така се обвинети  за злоупотреба на пари за финансирање на изборната кампања и за незаконско пријавување на гласачи во изборниот список, без знаење на избирачите. За ова, тие ја користиле својата службена положба и моќ која ја имале за да влијаат врз гласачите, а се со цел партијата да остане на власт.

Според обвинението на СЈО на чело на ова злосторничко здружување бил екс премиерот Никола Груевски кој го организирал дејствувањето на групата и давал конкретни насоки и упатства  на другите обвинети.

Груевски го бранат шест адвокати: Еленко Миланов,Димитар Дангов, Дончо НаковБоро Тасевски,Стерјо Зиков и Сања Алексиќ.

 

„Титаник“ ВМРО-ДПМНЕ Груевски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.