НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски до Заев: Рибата не мириса од главата, туку целата

2
By Нова ТВ on April 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговиот официјален Фејсбук профил објави реакција на интервјуто на премиерот Зоран Заев дадено за МИА.

-Дојде до таму работата Заев да дели лекции за економија, но не разбира дека рибата не само што мириса од главата, или опашката како што милува Заев да каже, туку мириса цела.

Господине Заев, бидејќи народот ја гледа и чувствува вашата лекција полна со криминал, терор, бизниси по теркот евро за Вицето, евро за црквата и патем фалење дека на истиот принцип се завршиле и земјиштата на “Ваанто, Сашeто и она зад Мирчо Свињарнико” неспособност, не знаење и владеење со страв, сега јас како професор со повеќегодишно искуство да Ви ја кажам мојата, онаа вистинска, која ја споделува целата јавност… економијата тоне, а народот е осиромашен.

1. За само 2ипол месеци едно просечно семејство е задолжено од Владата за 1200 евра. Од тие пари со кој се задолживте наместо инвестиција во капитални проекти, седат околу 300 милиони евра неискористени во НБРМ како депозит со нула проценти камата, а државата плаќа камата за истите кон кредиторите од кои ги позајмиле. Тоа ги чини граѓаните околу 1.5 милиони евра. Значи се плаќа камата, парите не се вртат, буџетот се оштетува.

2. Капиталите инвестиции речиси ги нема, единствените се оние кои ги направи минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период 1 милијарда денари е реализацијата за капитални расходи или некаде околу 16 милиони евра. Лани во услови на политичка криза имаме речиси три пати повеќе или 2.8 милијарди денари.

3. И еве уште еден нов податок од економијата, од истите оние податоци кој што вие господине Заев ги добивате на маса во владата секој ден, но не ги кажувате во јавност… Граѓаните во првото тромесечие потрошиле во вкупен обем 45 милиони евра помалку споредено со лани година која беше година на најголемата политичка криза. Ако економијата одела напред, ако се било добро како што лажно се фалите, зошто народот помалку троши. Еве јас ќе ви кажам, народот нема пари, а нема затоа што владата е неспособна да создаде услови за развој.

4. Барем да имавте автентнични проекти во овие 10 месеци, но такви нема. Кога говорите за паркот во Богданци господине Заев, не заборавајте дека јас го водев ЕЛЕМ, истиот оној кој ви го оставив без долгови, со каса полна и депозите во домашните банки од 1.5 милијарди денари и ја комплетирав првата фаза од изградбата на ветерници, а за втората со која денес се фалите целата административна и логистичка поддршка јас завршив. Што се однесува до инвестициите, не е убаво да се игра на картата на кратко помнење, иако со сила од Владата се прават дека не знаат, но народот памети. Па доволно е ако ништо друго да отворите Google и ќе видите дека Лимак е во Македонија уште пред неколку години, измените на урбанистичките планови за градежната парцела на Скопски Саем се направени од минатиот градоначалник на Гази Баба…и уште редици други инвестиции. Салдото за странски инвестиции е помало за 100 милиони евра споредено со минатата година.

5. Господине Заев говорите за укинување на радиодифузната такса и евтината струја, а не говорите што истите пари и многу повеќе ги одземавте од граѓаните со покачување на акцизите за горива. А да не зборам за грабежот кој се спрема со повисоките даноци кој ги најавувате и повисоката струја за граѓаните, што ќе значи дека граѓаните ќе ја платат неспособноста на владата од својот џеб…

И вака можам до 1001 и наназад, вклучитело да говориме и за криминалните афери на оваа влада, за што има точни иформации.

Да сублимирам, гледам дека господине Заев сакате да делите лекции во раните утрински часови и тоа во период на најголемиот Христијански празник, јас рано утрово ќе се причестам како што доликува на еден верник, а Вам, на вашето семејство и на сите граѓани на нашата мила мајка Македонија кои го слават овој голем христијански празник сакам да им посакам пред се, здравје, среќа и радости. Доаѓа многу скоро денот кога народот ќе даде одговор на вашите лекции и конечно ќе ги испрати тразиционите политичари во историјата, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски на Фејсбук профилот.

Заев интервју Мицкоски реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.