НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во „бомбите“ за Монструм се слушал гласот на функционер на ДУИ

3
By Нова ТВ on April 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатката на родителите на убиените деца кај Смилковското Езеро, Дафинка Ивановска апелираше сите учесници во процесот одговорно да се однесуваат, бидејќи здравствената состојба на родителите е крајно нарушена. Ивановска ова го изјави откако беше одложено денешното рочиште, прво откако случајот во своја надлежност го презеде СЈО.

„Родителите на убиените деца се во таква состојба, што едвај доаѓаат на судењата. Постојано се под лекарства и седативи и нивната здравствена соостојба е нарушена до висок степен, меѓутоа сепак доаѓаат. На сите учесници во постапката им препорачувам најсериозно да постапуваат бидејќи се работи за сериозен предмет. Фамилиите шест години се во неизвеснот, шест години постојано размислуваат што се случи, коj го направи? Сепак, не станува збор за политика, за пари, за градење објекти, станува збор за живот, за нешто што не може да се врати. Нивните живци и нерви се при крај и барам од сите најсериозно постапување. Не е важно само да се изнесе некое лице пред правдата,  треба да биде она лице кое навистина го извршило злосторството“ рече Ивановска.

Судењето беше одложено, поради отсуство на еден од обвинетите Фејзи Азири кој бил хоспатилизиран на Клиниката за  пулмологија. Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи реагираше поради одложувањето на рочиштето. Таа рече дека е несериозно остуството на обвинетиот да се правда само со еден документ дека е во болница.

Судијата Огнен Ставрев го одлжи рочиштето за 15 мај, но претходно збор им даде на родителите на убиеното момче Александар Наќевски. Таткото на Александар, Горан Наќевски побара од судот стражарно да го приведе премиерот Зоран Заев, затоа што како тогашен опозиционер и политички противник на ДУИ изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од оваа партија во петкратното убиство.

„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори – државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивен противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни. Тврдам дека тие транскрипти се во седиштето на СДСМ. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме“, рече Наќевски.

Мајката на Александар, Зорица Наќевска побара од судот и од Обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите дали се извршители или помагачи, како и да се декодираат броевите кои во пресудата се заверени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ. Мајката на Александар прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица.

„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не го довршив тој никаквец“.

Таа од судот  го побара и мобилниот телефон на својот син кој за нив како што рече, бил многу вреден.

  „Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи, заврши Зорица Наќевска.

Братот на обвинетот Фејзи Азири, Бејди Ајдари кој беше присутен во судот, тврди дека неговиот брат е невин и дека разговорот со Невзат Бејта од ДУИ е од приватен карактер. Тој исто така рече дека има сведок кој тврдел дека автомобилот Опел со кој наводно убијците го напуштиле Смилковското Езеро  бил во сопственост на Алфите.

„Зошто обвинителството не ги достави сознанијата за опелот до обвинтетите, зошто овие докази ги крие“,  праша Ајдари коj нагласи дека и нив им е тешко, но дека очекува вистината да се дознае од прислушуваните разговори.

Невзат Бејта одби да ги коментира наводите изнесени на денешното рочиште.

Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи, по завршување на рочиштето даде кратка изјава и рече дека СЈО ќе стори се за да се дознае вистината за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

„Едно можам да кажам, дека ќе ги искористиме сите ресурси и човечки и технички за да ја утврдиме вистината, рече Фетаи.

Судијата Огнен Ставрев вети дека процесот ќе оди до крај и брзо ќе се дојде до вистината и побара од родителите да му помогнат и да бидат уште малку трпеливи.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

СЈО го презеде „Монструм“ минатиот месец. Тогаш специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека очекува судксиот процес да продолжи во фаза во која е прекинат и дека се подготвени да го презентираат предметот пред Судот.

 

ДУИ Заев Монструм Наќевски СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.