НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбиено барањето за изземање на судиите во Траекторија

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО попладнево продолжи, откако судијата Горан Бошевски соопшти дека е одбиено како неосновано барањето на одбраната за изземање на судечкиот совет.

На ова реагираше адвокатот Еленко Миланов оценувајќи дека одбивањето на барањето за изземање на судечкиот совет и отфрлањето на барањето за изземање на претседателот на Кривичен суд Иван Џолев и судии од Апелација е спротивно на правото.

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова рече дека денеска треба да бидат изнесени материјални докази во кои дел се и аудио-снимки. Имајќи предвид дека снимките во мал дел содржат и приватни разговори Стефанова побара повлекување на некои разговори.

Одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „Траекторија“ на почетокот на денешното рочиште побара изземање на судечкиот совет, на претседателот на Кривичен суд Иван Џолев и на судии од Апелацискиот суд.

Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето се бара поради информации изнесени од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во телевизиско интервју дека во прислушуваните разговори со кои располага СЈО има и судии.

Од истата причина одбраната на обвинетите бараше изземање на судечките совети и на раководствата на Кривичниот и на Апелацискиот суд во уште неколку предмети на СЈО.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, кои денеска дојдоа во Кривичниот суд.

Тие се товарат дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Според СЈО, со противправното дејствување на обвинетите кинеската компанија „Синохидро“ се стекнала со имотно-правна корист од 155.117.256 евра, а износот на штета претставува разлика меѓу износот на цена што како држава ја плаќаме на „Синохидро“ и цената што оваа компанија им ја плаќа на подизведувачите.

Адвокатите, пак, тврдат дека ќе докажат оти со околностите и податоците со кои располагале обвинетите при носење на одлуките не е направено противзаконско дејствие.

барање изземање одбиено одбрана СЈО Судечки совет Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.