НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коми: Трамп и Путин зборуваа за аферата со проститутки

0
By Нова ТВ on April 20, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 15 страници се објавени директните и телефонските разговори помеѓу поранешниот  директор на ФБИ, Џејмс Коми и американскиот претседател Доналд Трамп, во кои има детали и за скандалот со проститутки во претседателскиот апартман во хотел „Риц Карлтон“ во Москва во 2013 година.

– Му кажав дека Русите наводно имаат снимки на кои е тој со проститутки во претседателскиот апартман во „Риц Карлтон“ во Москва во 2013 година, Тој ме прекина, рече дека ниту имало ниту ќе има проститутки. Тогаш со насмевка изјави дека тој е човек кој не мора да оди таму. Тоа го сфатив како изјава дека не мора да плаќа за сексуални услуги. Рече и дека секогаш претпоставувал оти се озвучени хотелските соби во кои претстојувал, наведува Коми.

Во друга прилика, според Коми, Трамп зборувал за за жените кои лажно го обвинувале за сексуално насилство. Тогаш Трамп спомнал и една стриптизета.

Во белешките на Коми е опишан и разговорот што се водел во Зелената соба во Белата куќа, кој бил прилично „хаотичен“.

– Темите константно се менуваа. Речиси да немаше ниту еден момент тишина за еден час и 20 минути. Се чувствував добро, но никогаш опуштено бидејќи морав сериозно да се фокусирам на разговорот. Зборуваше за инаугурацијата, медиумите, луксузот во Белата куќа, неговите активности, висината на неговиот најмлад син, како и дека никогаш не нападнал ниту една жена… Зборуваше и за иднината на мојата работа. Ми кажа дека 20 луѓе го сакале моето место, но оти луѓето во ФБИ ме сакаат и оти би било лошо да ме смени. Ми кажа и дека за мене би било лошо доколку направам нешто погрешно. Му реков дека може да ме разреши кога сака, но му објаснив дека може да смета оти секогаш ќе му ја кажам вистината. Ме праша дали истекуваат информации од ФБИ, реков да, но не како од другите институции. Повторуваше дека му е потребна и оти очекува лојалност. Не му одговорив, ниту го сменив изразот на лицето, пишува Коми.

Тој додава дека потоа Трамп почнал да разговара за можната афера со проститутките.

– Повторуваше дека тоа е фабрикувано и оти тоа се лажни вести. Рече дека би се загрижил само ако неговата сопруга помисли дека барем еден процент од тоа е точно. Изјави и дека разговарал со луѓе, кои го потсетиле дека тој не преноќил во Москва. Ми кажа да размислам за истрага за тоа, но му кажав дека многу тешко е да се демантира лага. Но, ми кажа да размислам за тоа. Повторно ја спомна лојалноста, истакнувајќи дека сака чесна лојалност, наведува Коми.

Поранешниот директор на ФБИ наведува дека Трамп разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин, кој му кажал дека „тие имаат едни од најубавите проститутки во светот“.

Коми опишува и еден телефонски разговор со Трамп.

– Разговорот го почна со шега дека добивам повеќе публицитет од него. Рече дека се обидува да води држава, но дека има облак над работата со Русија. Почна да ми објаснува дека не е поврзан со Русите, ниту со нивните проститутки, посочува Коми во белешките.

оми Путин Трамп ФБИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.