НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрадули:„Југохром“ доцни со обврските за поставување на филтрите

0
By Нова ТВ on April 22, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска изјави дека се додека „Југохром“ не ги исполни условите и не се вложи во заштитата на животната средина комбинатот не треба да работи.

– Инвеститорот си презеде свои обврски и за жал доцнат со исполнувањето на тие обврски. Ние сме решени се додека не се исполнат тие услови за дозволата што ја имаат, Југохром да не може да работи, рече Макрадули одговарајќи на новинарски прашање за време на акцијата за чистење на езерото Козјак.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање контактирале со менаџментот на „Југохром“ и чекаат да бидат информирани за она што е направено како инвестиција, а потоа ќе се оцени дали ги задоволува критериумите.

Макрадули рече дека не разговарале за нови рокови за изградба на филтрите иако минатата година беше најавено дека „Југохром“ ќе почне со работа до почетокот на јуни оваа година.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, претставникот на „Југохром“, Васко Скендеровски и Бајрам Амити, од Синдикатот на вработените во фабриката кон средината на октомври, минатата година потпишаа Меморандум за разбирање за да, како што беше кажано тогаш, се овозможи оваа фабрика да продолжи да работи.

– Фабриката ќе продолжи да работи, сопственикот ќе инвестира во системот за отпрашување, односно поставување филтри, а Владата се обврзува да ги сервисира побрзо административните процедури, а работниците добиваат сигурност дека ќе продолжат да работат, рече тогаш Анѓушев.

Скендеровски изјави дека гарантира оти „Југохром“ нема да работи без филтри и најави дека тие етапно ќе се поставуваат.

Инвестицијата за системот за отпрашување е проценета на 12 милиони евра, а само за печките 7 и 8 таа изнесува 4,5 милиони евра.

„Југохром“ целосно го запре производствениот процес на 2 ноември 2016 година, со што околу 800 вработени останаа без работа. Раководството на комбинатот одлучи да ја спроведе одлуката на Испекторатот за животна средина за затворање на фабриката поради непочитување на крајниот рок за изградба на филтер станица кој истече на 30 октомври 2016 година. Вработените во „Југохром“ потоа неколкупати протестираа барајќи решавање на нивниот проблем.

животна средина Јани Макрадули Југохром стандарди филтри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.