Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Тенк“: Урко не дојде да сведочи за набавката на луксузниот мерцедес

1
By Нова ТВ on April 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 23, 2018 11:36

Дејан Митревски – Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски денеска не се појави во Кривичниот суд, каде требаше да сведочи во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, односно за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра.

Одбраната на Груевски, кој е обвинет во случајот, немаше информации зошто Митревски не се појави во Судот. Судијката Добрила Кацарска побара од адвокатите да го повикаат во текот на денот, бидејќи во спротивно може да биде отповикан како сведок.

Во судницата се присутни останатите сведоци, кои треба да сведочат денеска, освен еден кој бил на службен пат.

Прв пред Судот денеска сведочи Виктор Белевски, вработен во МВР од 2002 до 2006 година. Тој бил шеф на обезбедувањето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, обвинета во случајот.

Белевски рече дека меѓу возилата кои ги имале за вип личности имало еден мерцедес од 1998 година, кој цело време имал дефекти. Додаде дека имал вербална расправија со министерката Јанкулоска, бидејќи барал возилото да се повлече, а таа инсистирала да се користи бидејќи немало друго.

Сведокот рече дека не успевале да излезат во пресрет на потребите за безбедност на странските делегации, бидејќи возилата долго време биле на поправка.

Обезбедувањето, како што додаде Белевски, барало да се повлечат старите и да се набават нови возила.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.

На минатото рочиште повеќе од пет часа исказ даваа 11 сведоци на одбраната. Тие посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности.

Дејан Митревски - Урко отсутен рочиште сведок СЈО тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.