Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ако имав конкретни докази за „Монструм“, ќе ги објавев до крај

0
By Нова ТВ on April 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 26, 2018 14:46

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро порача дека сите прислушувани разговори кои биле поврзани со „Монструм“ се предадени во Специјалното јавно обвинителство.

„За Смилковско езеро ако имаше конкретни докази верувајте, како секоја „бомба“ така и таа „бомба“ ќе ја објавев до крај. Но, таму има сериозни индиции и сите материјали ги предадов во СЈО. Таткото на едно од убиените момчиња имаше можност заради тоа што се родители да види како осомниченото лице Фејзи Азири разговара со тогашниот градоначалник Невзат Бејта молејќи да му бидат исплатени субвенциите и тој тоа го виде, го видоа и сите и така е предадено. Ги виде дури и телефоните што наводно биле скриени. Зошто? Заради тоа што можеби немам право јавно да објавувам вакви податоци, но имам право на некој родител кој изгубил дете тоа да му го покажам“, кажа Заев.

Родителите на убиените заслужуваат дополнителна истрага во овој случај бидејќи има и дополнителни докази што треба да се истражат, додаде Заев.

Toj  одговораше  на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски кој праша дали докaзите во прислушуваните разговори поврзани со „Монструм“ го расветлуваат убиството или во нив има само разговори за субвенции.

„Нема никакво криење така што, апсолутно, поставувањето на ваквите прашања може да бидат само гол популизам, но транспарентноста во водењето на политиките на оваа Влада никој нема да успее да ги одврати. Колку и да е нешто болно, колку и да е нешто тешко граѓаните заслужуваат одговори и од оваа Влада ќе ги добијат сите можни одговори“, рече Заев, и додаде дека како политичар нема да биде истражител или обвинител.

Следното рочиште за „Монструм“ е закажано за 15 мај, кога се очекува пред судот да се појави и обвинетиот Фејзи Азири кој беше во бегство но во меѓувреме е вратен во затвор.

Случајот сега го води СЈО. Обвинителката Фатиме Фетаи,  рече дека СЈО ќе стори се за да се дознае вистината за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

 

 

Заев Монструм СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.