Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дибиров: Пораз што не боли, фајналфорот е награда за нашата работа

0
By Нова ТВ on April 30, 2018 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 30, 2018 12:32

Малку одмор, малку освежување, средување на впечатоци, по некое пиво, па повторно на работа. Ракометарите на Вардар го доживеаја првиот пораз на домашен терен во последните 15 месеци, но вчерашниот од Кил е еден од оние што не болат. „Црвено-црните“ паднаа во СЦ „Јане Сандански“ меѓутоа излегоа како севкупни победници во двомечот со бундеслигашот и по вторпат во низа ќе заиграат на Фајналфор турнирот во Келн каде оваа година ќе патуваат како бранители на титулата.

„Знаевме дека ќе биде тешко до последна минута оти Кил е одлична екипа. Имавме и среќа за која велат дека ги следи храбрите. Загубивме, но задоволството е наше. Втора година по ред ќе играме на завршниот турнир што го заслуживме како награда за максималната работа низ целата сезона“, вели Тимур Дибиров по реванш четвртфиналниот дуел со Кил.

Раул Гонзалез истакна дека е горд на своите ракометари кои се погрижија да бидат први европски шампион што обезбедија прилика за бранење на тронот. Вардар не почна како што посакуваше, Ландин беше непремостлива пречка за нив во воведните минути од средбата и благодарение на неговите одбрани Кил направи серија од 0:3. Но, одговорот од ростерот на шпанскиот стручњак беше идентичен. „Црвено-црните“ возвратија со иста мерка по што минаа и во позитива што ја одржуваа во најголем дел од натпреварот. Грешките што се пројавија во завршницата ги искористија гостите од Германија за најпрво да фатат резултатски чекор за егал финиш во мечот што на крај го добија со 27:28. Меѓутоа правилото „повеќе голови во гости“, сепак, беше на страна на македонскиот претставник кој во „Шпаркасе арена“ триумфира со 29:28 кој одново се најави на спектаклот во Келн.

„Се соочивме со многу проблеми на теренот. Почнавме под притисок и не успеавме да се снајдеме најдобро со Ландин. Подоцна, сепак, се соземавме и со неколку погодоци од контри во второто полувреме и на крилја на публиката да дојдеме до посакуваниот резултат. Ќе следува малку одмор и зафаќање за работа бидејќи нè очекуваат два меча во Келн за кои мора да бидеме топ подготвени. Фаворити на завршниот турнир нема. Мора да одиграме на максимално ниво за победа“, истакна Раул Гонзалез.

Покрај Вардар, на Фајналфор турнирот во Германија се пласираа и триото француски екипи ПСЖ, Нант и Монпелје. Ждрепката за полуфиналните двојки е закажана во среда.

Вардар Лига на шампиони ракомет Раул Гонзалез Тимур Дибиров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.