Јувентус уште еднаш ја истакна сета своја класа во Италија. Овојпат во финалето на италијанскиот куп во кое за само девет минути во второто полувреме го потопија Милан со убедливи, на крајот, 4:0 за 13. трофеј на „старата дама“ во натпреварувањето.
Сите четири гола на „Олимпико“ беа постигнати во второто полувреме. Мехди Бенатија се јави во улога на двоен стрелец во 56. минута и во 64. минута, во меѓувреме, во 61. минута, и Даглас Коста го совлада Џиџи Донарума за точка на маките на „росонерите“ да стави Никола Калиниќ со автогол во 76. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=m5QNeWAQrA8
Со ова, „бјанконерите“, практично, осигураа нова двојна круна во италијанската фудбалска сцена. Покрај освоениот Куп, тие се наоѓаат на праг на одбрана и на Скудетото во Серија А. На две кола до крај на сезоната, Јуве има шест бода предност во однос на Наполи, но и далеку подобра гола разлика од екипата од „Сан Паоло“.
Јувентус во претпоследното коло, на 13 мај, ` гостува на Рома, а во последното ќе биде домаќин на Верона за разлика од Наполи чии фудбалери најпрво ќе патуваат на мегдан на Сампдорија по што ќе играат и против Кротоне на домашен терен.