Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата реагира на грчкото толкување на делови од Договорот

0
By Соња Петрушевска on June 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 13, 2018 13:43

Интерпретацијата од грчката Влада на делови од Договорот не соодветствува со оригиналните делови , велат од македонската Влада.

Договорот не предвидува транскрипција на новото име на латинично писмо, како што напишаа грчките медиуми, повикувајќи се на толкување од нивната Влада, туку  новото име ќе биде преведено на сите јазци. За македонскиот јазик нема да има фуснота во ОН, вели портпаролот Миле Бошњаковски.  Во Договорот има член во кој пишува дека македонскиот јазик припаѓа на словенските јазици, но нема да има фуснота во Обединетите Нации.

Химната, грбот и знамето нема да се менуваат, ниту биле дел од преговорите. Личните документи и пасошите ќе се менуваат, но кога ќе истече важноста на патната исправа.

Договорот предвидува користење на придавката „македонски“, а називите на државните институции ќе треба да го следат новото име на државата.

Владиниот портпарол објасни и дека нема да се дислоцира ниту еден споменик од Скопје 2014, како што стои во грчката интерпретација и дека Воинот на коњ ќе се преименува како Александар Македонски со натпис дека се работи за споменик од хеленската античка историја и е симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција.

Бошњаковски го соопшти и владиниот став за потегот на Иванов кој утринава одлучи да го напушти состанокот со премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров.

„Очекуваме сите политички фактори да покажат доволен демократски капацитет да сфатат дека ова е клучен момент за Македонија и за нејзината интеграција во ЕУ и НАТО. Владата на Република Македонија има јасна зацртана цел  дека се наоѓаме во историски момент за граѓаните на Република Македонија. Ние ќе продолжиме да ги објаснуваме позитивните работи и бенефити од Договорот“, кажа Бошњаковски.

Наредните денови, Договорот ќе биде разгледан на владина седница, по што ќе биде и јавно објавен.

Бошњаковски Влада Грчки нон пејпер Договор за спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.