НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФИФА избра, Мароко извиси: СП 2026 во САД, Канада и Мексико

0
By Нова ТВ on June 13, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По Јужна Африка, Бразил, Русија и Катар, Светското фудбалско првенство во 2026 година ѝ припадна на Северна Америка. Во улога на негови организатори ќе бидат САД, Канада и Мексико чија заедничка кандидатура ја поддржаа 134 делегати на денешниот 68. Конгрес на ФИФА во Москва. Апликацијата на нивниот противкандидат Мароко доби 65 гласа додека еден член се изјасни против.

Северноамериканското трио вети дека ќе домаќин на најлуксузниот турнир во историјата што воедно ќе биде и најмасовно со оглед дека ќе брои 48 репрезентации. Според првичниот план, 60 натпревари ќе се играат на територијата на САД, а останатите 20 ќе бидат поделени меѓу Канада и Мексико. Финалето е планирано во Њу Џерси. Мундијалот во 2026 година ќе биде прв со ко-организатори по 2002 година (Јапонија и Јужна Кореја), но и прв воопшто со тројца домаќини.

Мексиканците по третпат добиваат организација на Светско првенство во фудбал по 1970 година и 1986 година, Американците по вторпат по 1994 година, а Канаѓаните за првпат. Мароканците, пак, извисуваат по петти пат по обидите да бидат домаќини на турнирите во 1994 година, во 1998 година, во 2006 година и во 2010 година.
Наредниот, 69., Конгрес на ФИФА е закажан на 5 јуни догодина во Париз во предвечерјето на Светкото фудбалско првенство во женска конкуренција.

Конгрес Мароко Мексико Москва САД; Канада СП 2026 ФИФА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.