Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самарас:Ниту еден премиер пред Ципрас не прифатил македонски идентитет

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 16, 2018 17:44

„Конечно се најдоа двајца лидери со  мозок во нивните глави за да стават конечен крај на спорот, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос  во говорот за време на расправата во грчкиот парламент.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос истакна дека со договорот, се затвора векот на Големи идеи, на национализми, на екстремизми и ескалации.

Говорејќи за опозициите во двете земји, рече дека доколку се споредат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, тие се идентични.

„ВМРО-ДПМНЕ го нарекува господинот Заев предавник. Нова демократија и господинот Мицотакис го нарекуваат господинот Ципрас предавник. Прашањето е, на крај кој од двајцата е предавник? Господинот Ципрас или господинот Заев? Никој од нив двајца не е предавник, дами и господа од опозицијата“рече Ѕанакопулос.

 

Тој говореше по екс премиерот Андонис Самарас кој ја обвини Влaдата на Ципрас дека договорот „ќе предизвика експлозии и нема да го стабилизира регионот“.

„ Договорот што го носите сега признава македонска националност и македонски јазик, нешто што не помисли да го направи ниту еден грчки политичар во мнатото. И тоа е првата работа за која славеше Заев во Скопје. И сложеното име воопшто не е ни непреведено, како што лажно тврдеше премиерот, ќе биде преведено. И нема да биде ерга омнес, како што исто така лажно тврдеше. За нивното државјанство ќе имаме, внимавајте, тројно име, затоа што како што предвидува член 3, поинаку ќе се викаат на меѓународно ниво- Македонци, граѓани на Северна Македонија, поинаку ќе се викаат во Грција – граѓани на Северна Македонија и поинаку во внатрешноста на Скопје – само Македонци, рече поранешниот грчки премиер.

Коментирајќи ги деловите од договорот, Самарас рече дека член 7 „го зајакнува иредентизмот“, а член 6, може да значи дури и „забранување на протестите за грчкиот карактер на Македонија“. Поранешниот грчки премиер смета дека договорот ќе создаде проблеми и „со години ќе се караме за виното, за алвата, за млечните производи, за мермерите од Македонија, за имињата“.

Андонис Самарас, упати остри критики и обвинувања до Ципрас, за кој кажа дека не станал прозападен политичар,  „туку еден обичен yesman“ и „поголем скопјанин од Скопјаните“.

Предлогот да се гласа за недоверба на Владата на Ципрас го поднесе Нова демократија, а расправата треба да заврши вечерва.

грчки Парламент дебата Заев Самарас спор за име Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.