НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на европската тврдина

0
By Светлана Јовановска on June 28, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денешниот состанок на врвот во Брисел е самит за спас на ЕУ. Лидерите ќе се обидат да ги надминат нивните длабоки разлики во ставовите во однос на миграциската криза и иднината на евро-зоната. За прв пат на европски самит Германката Ангела Меркел доаѓа со слаба позиција, уценета од нејзиниот министер за внатрешни работи Хорст Сихофер.

Ризикот е голем а времето кусо

Дебатата за миграцијата станува се пожешка, напиша вчера претседателот на ЕУ Доналд Туск во својата покана за самит испратена до лидерите на ЕУ. И побара да се најде решение за оваа криза. Во спротивно, предупреди Туск, популистичките движења «со авторитарна тенденција» во ЕУ ќе добијат на сила.

Писмото на Туск е сигнал дека оваа најнова европска криза може да го означи крајот на самата ЕУ онаква каква што ја познаваме.

«Ризикот е голем а времето кусо», вели Туск и потсетува дека бројот на мигранти што пристигнуаат на европските брегови е во остар пад споредено со 2015 година.

Оваа анализа ја дели и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани. Во колумна во британскиот Гардијан, тој предупреди дека отсуството на договор во ЕУ може да означи крај на европскиот проект.

Првично, самитот требаше да ја реформира Даблинската регулатива за европската азилантска политика. Според ова правило, кандидатот за азил бара да го оствари тоа право во првата земја на ЕУ во која пристигнува. Но, напливот на мигранти во Грција и Италија и недостигот на европска солидарност во распределбата на миграцискиот товар, потпишаа смртна казна за оваа регулатива.

Стравот од крај на европскиот проект го делат повеќе ЕУ лидери и пратеници. Според европските медиуми денес, овој самит е “самит над самитите” кој треба да и даде насока на ЕУ која одамна го загуби компасот. Но, најубедените Европјаните се плашат дека големиот број ризици – Брегзит, лошите односи со САД, менаџирањето на миграциската криза, менаџирањето на евро-зоната и неспособноста на ЕУ да зборува во еден глас – ќе означат крај на ЕУ.

Миграциска политика под диктат на популистите

Кризата со која е соочена Меркел во нејзината влада, недостигот на солидарност од екс комунистичките земји во мигрантската криза, особено демагогијата и ширењето страв што го прави Унгарецот Виктор Орбан, и екстремно десната коалиција во Италија нема да дозволат да се најде прифатливо и солидарно решение за мигрантската криза.

Трамп и Салвини на иста бранова должина

По изборите во Италија, министерот за внатрешни работи Матео Салвини доби главна улога во оваа криза. Салвини како да е влезен во Твитер натпревар со Американецот Доналд Трамп во негативните коментари за мигрантите и луѓето што им помагаат. Профилот на Салвини му се допадна на Трамп па тој го покани Италијанецот на гости во Белата куќа.

Така, наместо да најде прифатливо и солидарно решение, ЕУ денес и утре уште повеќе ќе ги затвори своите граници и ќе бара место вон од ЕУ за мигрантите.

Туск им предлага на лидерите да продолжат со борбата против нелегалната миграција.

Улогата на Туск е потрагата по европски конзензус па така тој предлага отворање на «платформи» вон од ЕУ за мигрантите што доаѓаат преку Медитеранот. За ова зборуваше и Меркел пред неколку дена,  со акцент на договорот со Турција. Според неа, тој договор може да биде модел и за други договори за кои ЕУ е спремна да плати до 6 милијарди евра.

Нацрт заклучоците на самитот ги повикуваат лидерите да донесат мерки за «секундарните движења» на мигрантите во ЕУ, проблем во срцето на кавгата помеѓу Меркел и Сихофер.

Бродот Лајфлајн конечно пристана во Малта

Најубав пример за ова европско затворање во сопствената тврдина е приказната за бродовите со мигранти кои со денови не успеваат да добијат дозвола за пристап до европско пристаниште. Последниот е Лајфлајн со 233 мигранти кој по една недела доби дозвола да пристане во Малта а претходно Аквариус кој со околу 600 мигранти пловеше со денови од едно до друго пристаниште и најпосле доби дозвола да пристане во Валенција во Шпанија.

 

Аквариус Ангела Меркел Доналд Туск ЕУ Лајфлајн миграциска политика Самит Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.