Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција: Битката со огнот е добиена, почна потрагата по исчезнатите

3
By Нова ТВ on July 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 25, 2018 09:09

Бројот на жртви во пожарите во областа Атика се искачи на 76, додека пак повредени се 187 лица, од кои 23 деца, соопшти портпаролката на грчката противпожарна служба.

Вкупниот број на повредени е 164 возрасни лица и 23 деца. Истрагата за пронаоѓање на исчезнатите ја води група од 130 луѓе од армијата и противпожарната единица кои патролираат пеш во областите Вуца, Мати и Рафина, истакна портпаролката на грчката противпожарна служба, Ставрула Малири, на прес конференцијата одржана попладнево во Атина и додаде дека добиле десетици повици за исчезнати лица.

Таа упати повик до граѓаните чии блиски се исчезнати да пријават на бројот на противпожарната служба, за да се одреди точниот број на лица на кои им се губи секаква трага.

Со оглед на тоа дека голем дел од пронајдените тела се јагленосани, тешко оди идентификацијата на жртвите, а со тоа не се знае дали лицата по кои се трага се живи или не.

Спасувачката акција продолжува со проверка на домовите и становите зафатени од пожарот, за евентуално да се откријат загинати или исчезнати граѓани.

Во Грција, постои стравување дека бројот на жртвите ќе достигне троцифрен број.

Спортската сала во населбата Рафина, од вчера е адаптирана, со кревети, душеци и основни неопходни продукти на сите оние што во пожарот ги изгубија нивните домови.

Волонтери, организации, граѓани, грчките општини, веќе започнаа хуманитарни акции за помош на настраданите.

Паралелно, грчката влада соопшти вонредни економски мерки за настраданите во пожарите.

Министерството за финансии одвои 20 милиони евра за потребите на општините и граѓаните што беа директно погодени, ќе се отвори специјална банкарска сметка од министерството за донации, додека пак за настраданите предвидени се даночни олеснувања. Откако ќе се регистрираат материјалните штети, грчката влада ќе објави дополнителни пакет мерки за поддршка на семејствата на жртвите и на оние чии домови беа уништени.

Европската комисија го активираше механизмот за цивилна заштита во кризни ситуаци, а помош на Грција и упатија голем број земји, меѓу кои Македонија, Шпанија, Франција, Шпанија, Израел, Бугарија, Турција, Италија, Португалија и Холандија.

Од вчера, со одлука на грчката влада, како што соопшти премиерот Алексис Ципрас, во Грција е прогласена тридневна национална жалост.

Се претпоставува дека оваа трагедија е предизвикана од најмалку 15 пожари во оваа област, за кои не е позната причината, но нивното ширење било помогнато од ветрот.

 

Грција евакуација исчезнати пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.