Британската јавност е во шок. Ели Сутер, која важеше за тамошна надеж во сноуборд, почина на 18. роденден. Трагичната вест ја објави олимпискиот комитет на Велика Британија и сноуборд федерацијата.
„Овој суров свет ја одзеде мојата сродна душа на 18. роденден. Бев толку горд во каква жена се претвори. Ели ќе ми недостасуваш повеќе одошто можеш да замислиш. Почивај во мир, мала шампионке“, напиша нејзиниот татко, Тони Сутер, на социјалните мрежи.
Британците во Ели Сутер ја гледаа една од најталентираните спортистки во Обединетото Кралство. На зимскиот олимписки фестивал во Турција во 2017 година се закити со злато што дополнително ги подгреа надежите на нацијата за успех на наредните зимски олимписки игри во 2022 година.