НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седми Конгрес на ДПА: Мендух Тачи реизбран за претседател

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мендух Тачи е реизбран за претседател на ДПА на седмиот Конгрес на партијата што се одржа денеска во Тетово. Тој пред присутните истакна дека ДПА во периодот што следи ќе се залага за имплементација на Договорот за името со Грција кој, како што рече, е основен услов за Македонија да се интензивира во евроатлантските интеграции.

„Договорот со Грција е многу важен за Албанците затоа што сме ние и за ЕУ и за НАТО. Сега во Македонија многу луѓе велат и мислат дека договорот нема да помине. Јас само можам да им порачам да бидат мирни затоа што овој Догвоор ќе помине со оглед на фактот дека тој е најголемата капитална инвестиција на државата, а ние сме на границата на егзистенција и само со него односно со влез во ЕУ и НАТО може да опстанеме“, рече Тачи.

Тој смета дека Албанците сè уште ги немаат остварено основните права, пред се, во економска смисла, затоа што, според него, одлуките во државата не се донесуваат консензуално, нема рамноправна распределба на буџетот, а општините се децентрализирани во политичка, а не и во фискална смисла.

„Многу албански граѓани гласаа за СДСМ односно за македонска партија. Јас сега ќе ги прашам дали живеат тие подобро. Не, Албанците во економска смисла живеат многу лошо. И можеби како Албанци имаме индивидуална благосостојба, но немаме колективна благосостојба. Бадијала ќе ни биде интегрирањето во евроатлантските структури ако во државата немаме консензуален начин на донесување одлуки, како што е и во ЕУ“, рече лидерот на ДПА, Тачи.

За време на седмиот Конгрес се избра и ново претседателство на партијата. Именувани се пет нови потпретседатели, Имер Алиу е избран за нов генерален секретар на партијата, а Илјаз Халими за претседател на Централното собрание.

Беше изгласана и резолуција на паратијата која во себе има неколку точки, пред се, за побрзо членство на Македонија во ЕУ и НАТО и целосна еднаквост на Абланците во системот преку механизам на целосен конзензус во донесување на одлуките.

ДПА Конгрес Мендух Тачи претседател Реизбор Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.