НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нејасна е антикорупциската поставеност на пратениците и обвинителите

0
By Нова ТВ on August 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групата држави против корупцијата, ГРЕКО, тело на Советот на Европа, во вчера објавениот извештај порача дека борбата против корупцијата во Македонија е разочарувачка.

ГРЕКО оценува дека од деветнаесет формулирани препораки, земјата задоволително исполнила шест, додека пет се неимплементирани, а осум само делумно.

Ова се петте неимплементирани препораки во Македонија за кои ГРЕКО смета дека се „очигледно разочарувачки“.

–Препорака 2

Оваа препорака се однесува на превенцијата на судир на интереси и примање подароци и други погодности во рамки на Собранието. Иако властите во Македонија сметале дека препораката е обработена преку Кодексот за етичко однесување на пратениците, ревидиран во 2016 и усвоен на 11 јуни 2018, ГРЕКО, иако го поздравува усвојувањето на овој Кодекс, истакнува дека е недоволен.

Па така, на пример, изјавата дека “пратеникот е должен да ги почитува правилата што се однесуваат на спречување на конфликтот меѓу јавниот и приватниот интерес“ не е доволно прецизна дефиниција. ГРЕКО потсетува и дека останува нејасно што е со “протоколарните подароци“ и дека не е дефинирано што се случува со нив – дали треба да бидат одбиени, пријавени или предадени до Собранието.

ГРЕКО посочува и дека списоците за прекршоци и сериозни прекршоци во Кодексот се однесуваат само на ситуации кои вклучуваат гласање, додека прекршувањата за подароци не се јасно покриени.

-Препорака 3

Оваа препорака се однесува на односите на пратениците со лобистите и други лица кои имаат за цел да влијаат врз законодавниот процес.

Во овој дел повторно, во својата аргументација пред ГРЕКО, властите во Македонија се повикуваат на постоечки закони, извештаи и експертски анализи, кои иако ГРЕКО ги поздравува, повторно ги смета за недоволни или ирелевантни.

За ГРЕКО, нема нов развој  и конкретни предлози во оваа област кои би утврдиле јасни правила на однесување за пратениците кога тие имаат контакти и средби со лобисти и трети лица. Тоа вклучува мерки како проверка на идентитет, вкрстени проверки со постоечки регистри, сфаќање кои интереси ги претставува лобистот и други мерки на транспарентност. Групата потсетува дека ова препорака се однесува и на трети страни кои не се нужно професионални лобисти, вклучително и странски власти и здруженија кои застапуваат национални или деловни интереси.

–Препорака 4

Оваа препорака се однесува на предвидување санкции и соодветни мерки во сите случаи на повреда на правилата од страна на пратениците.

ГРЕКО оценува дека “податоците кои се поднесуваат се однесуваат само на одредена област на пријавување на имот и не постојат конзистентни и убедливи податоци за конечниот исход на постапката и за казните што се применуваат во однос на санкциите предвидени со правилата“. Понатаму ГРЕКО смета дека мерките за извршување се слаби и не се доволно исцрпни, дека одредени санкции не се доволно разубедувачки или се значително пониски од она што законот го пропишува.

–Препорака 5

Оваа точка препорачува укинување на членството на министерот за правда во Судскиот Совет.

Иако власта вели дека во пракса министрите за правда од последните две влади не учествувале во работата на Советот, и дека со тоа во пракса се спроведува препорака за исклучување на министерството, ова не е доволно за ГРЕКО.

ГРЕКО изразува жалење што повеќе нема шанси за отстранување на министерот за правда од Судскиот Совет.

За групата, “ризик од политичко влијание секогаш постои, без формално гласачко право или дури и без формално присуство на министерот на состаноци“.

-Препорака 16

Оваа точка се однесува на ревизијата на дисциплинскиот режим за обвинителите, со цел јасно дефинирање на повредите и проширување на опсегот на санкциите, а посебно да се овозможи разрешување на обвинителите само во случаи на најсериозни повреди.

Во овој дел, ГРЕКО смета дека неимплементирањето се должи на тоа што реформата е во рана фаза.

Властите ветиле дека усвојувањето на новата нацрт-верзија се очекува во октомври 2018. ГРЕКО го поздравува фактот што оваа реформа станала реформски приоритет.

ГРЕКО Извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.