Реал Мадрид не успеа до хет-трик во европскиот Суперкуп на УЕФА. Од тронот на кој се искачија лани на „Филип Втори“ арена во Скопје, „кралевите“ се симнати вечерва на „Ле Кок“ арена во Талин. Атлетико Мадрид славеше со 4:2 по продолженија (2:2 во основните 90 минути) и по третпат во клупската историја го подигна пехарот по 2010 година и 2012 година.
https://www.youtube.com/watch?v=c3H7XzpVOn4
Фудбалската „убавица“ на националната арена во естонската метропола донесе мноштво возбуда, атрактивни потези и резултатска нишалка со дури шест погодоци. Голеадата ја отвори Диего Коста уште во 50. секунда со најбрзата реализација во 64 годишната историја на напреварот. На полувреме се замина со 1:1, откако Карим Бензема го совлада Јан Облак во 27. минута.
Европскиот шампион направи целосен пресврт (2:1) во 63 минута по сигурната екзекуција на Серхио Рамос белата точка. Помислата дека „кралскиот“ клуб е на праг на нов меѓународен успех ја демантира Коста во 79. минута. До крај, резултатот остана непроменет, па мечот влезе во продолженија во кои Атлетико прослави два погодока во краток временски период (Саул во 98. минута и Коке во 104. минута) за нов европски трофеј на екипата на Диего Симеоне.