НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Приватна фирма треба да врати 30 000 евра за прославата за НАТО

0
By Соња Петрушевска on August 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приватна фирма која била ангажирана за прославата „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”, за обезбедување на сценска опрема, бини, системи за озвучување и осветлување, ќе треба да врати  околу 30 000 евра во државниот буџет. Од Владата објаснуваат дека „биле потрошени помалку пари од предвидените“ и постапката за враќање на парите е веќе започната. Договорот со фирмата која била ангажирана за  бините и озвучувањето бил во во висина од околу 80 000 евра, а се потрошиле 49 000 евра односно по 3200 евра по град.

„Договорот за обезбедување на сценска опрема, бини, системи за озвучување и осветлување е склучен пред одржувањето на настаните, а во текот на реализацијата и состојбите на терен е констатирано дека се потребни помалку пари и оттука потрошени се помалку средства. Постапката за враќање на парите коишто не биле потрошени е веќе започната и Владата на Република Македонија очекува во буџетот на Република Македонија, од страна на приватна компанија, да се вратат околу 30.000 евра“ велат од Владата.

Одговорот од Владата стигна по обвинувањата од опозициската ВМРО ДПМНЕ дека за прославата за НАТО се потрошени повеќе од 180 000 евра, како што првично соопшти Владата.

Од ВМРО ДПМНЕ рекоа и дека  тендерските постапки околу организацијата на прославата за поканата за влез во НАТО се „симптоматични, упатуваат на монополизација на тендерските постапки и дека однапред било договорено  кои блиски фирми на СДСМ ќе профитираат“. Огласите за двете набавки воопшто не биле објавени на сајтот за јавни набавки во делот „други огласи“ и  не  била обезбедена конкуренција  што е законска обврска согласно  Законот за јавни набавки.

Од увидот во договорите што биле потпишани, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се утврдува дека тендерските документации биле  изработени на 10 јули понудите биле  доставени наредниот ден на 11 јули, а веќе на 13 јули договорите биле склучени. Ако се работела за итна постапка Владата требала  постапката да ја спроведе согласно член 99 од Законот за јавни набавки која повикува на итни постапки за тендери велат од опозициската партија.

Од Владата одговораат дека постапката за избор на фирми за прославата „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”, е спроведена законски, со запазување на принципот на конкуренција и во транспарентна постапка.

„Постапката е реализирана согласно член 17 став 1 алинеја 2 од Законот за јавни набавки, за услуги за коишто законот дозволува, поради краткиот временски период да се испратат покани до неколку економски оператори. За двете спроведени постапки се испратени покани до 3 економски оператори и операторите доставиле понуди. На тој начин принципот на конкуренција е целосно запазен“ пишува во одговорот од Владата. Изборот на најповолен понудувач бил направен според понудената најниска цена.

По Самитот на НАТО во Брисел, на кој Македонија доби покана за членство во Алијансата, Владата на 14 јули,  организираше прослава насловена „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“. На овие прослави настапија околу 40 артисти низ 15 градови во државата.

 

Влада ВМРО-ДПМНЕ НАТО прослава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.