Розенборг се потврди како ривал на Шкендија во плејофот за групна фаза во Лига Европа. Норвешкиот клуб го исфрли од игра Корк Сити, откако и во реваншот во Трондхајм славеше над претставникот на Република Ирска со 3:0.
Шкендија беше во очекување на противник за последната фаза до групи во второто по ранг натпреварување на УЕФА по елиминацијата од Салцбург во третото коло квалификации за Лигата на шампиони.
Воведните 90 минути од македонско-норвешкиот двомеч ќе се одиграат на стадионот „Леркендал“ во Трондхајм на 23 август, реваншот е на 30 август на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Двојки за плејоф во Лига Европа
Розенборг (Норвешка) – Шкендија (Македонија)
Партизан (Србија) – Бешикташ (Србија)
Олимпија Љубљана (Словенија) – Спартак Трнава (Словачка)
АПОЕЛ (Кипар) – Астана (Казахстан)
Диделанж (Луксембург) – Клуж (Романија)
Судува (Литванија) – Селтик (Шкотска)
Шериф Тираспол (Молдавија) – Карабаг (Азербејџан)
Малме (Шведска) – Митјиланд (Данска)
Торпедо Кутаиси (Грузија) – Лудогорец (Бугарија)
Сигма Оломуц (Чешка) – Севилја (Шпанија)
Сарпсборг (Норвешка) – Макаби Тел Авив (Израел)
Гент (Белгија) – Бордо (Франција)
Рапид Виена (Австрија) – Стеауа (Романија)
Аполон (Кипар) – Базел (Швајцарија)
Глазгов Ренџерс (Шкотска) – Уфа (Русија)
Аталанта (Италија) – Копенхаген (Данска)
Зенит Санкт Петербург (Русија) – Молде (Норвешка)
Тренчин (Словачка) – АЕК Ларнака (Кипар)
Генк (Белгија) – Брондби (Данска)
Олимпијакос (Грција) – Барнли (Англија)
Зорја (Украина) – Лајпциг (Германија)
Првите мечеви се закажани во четврток на 23 август, реваншите на 30 август.