НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сенатот во САД контра Трамп: Медиумите не се непријател на народот

0
By Нова ТВ on August 17, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Сенат едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од сенаторот на Демократската партија, Брајан Шулц,  во која се наведува дека „медиумите не се непријател на народот“.

Шулц при поднесување на предлогот се повика на поранешните американски претседатели Томас Џеферсон, Џејмс Медисон и Роналд Реган, дека слободните медиуми се „интегрален дел од основата на САД“.

Во резолуцијата се осудува нападот врз медиумите како „напад врз демократските институции на САД“.

Резолуцијата се повикува на првиот амандман кој ги штити медиумите од контрола на Владата и од притисоци.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ги критикуваше медиумите откако американски весници координирано ги осудија неговите напади врз новинари, кои ги обвинува дека шират лажни вести.

– Не постои ништо што повеќе би сакал за нашата држава од вистинска слобода на медиумите. Факт е дека медиумите се слободни да пишуваат се што сакаат, но најголем од тоа се лажни вести, протнување политичка агенда или само обичен обид да им се наштети на луѓето. Чесноста победува, напиша Трамп на Твитер.

На иницијатива на весникот „Бостон глоуб“, 350 медиуми весници во САД вчера во уводниците ги осудија и отфрлија напади на Трамп за лажни вести истакнувајќи ја важноста на слободните и силни медиуми.

Трамп редовно ги нарекува медиумите „народни непријатели“ и „лажни вести“, а пред две недели рече дека новинартите „намерно предизвикуваат големи поделби и недоверба“ и дека „може да предизвикаат војна“.

медиуми резолуција Сенат Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.