Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И денеска ќе се слушаат бомби – како се местеле изборите во 2013

0
By Нова ТВ on August 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 17, 2018 09:33

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година.

На вчерашното рочиште почнаа да се слушаат „бомбите“ во присуство на јавноста, а Специјалното јавно обвинителство побара во седум од 1.063 „бомби“ поради приватни разговори да биде исклучена јавноста.

Одбраната бараше „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспори како валиден  доказ.

Фото: принтскрин Макфакс

Обвинетите поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески изјавија дека им биле нарушени човековите права со тоа што со години биле незаконски прислушувани.

-Да се утврди автентичноста на прислушуваните разговори пред да бидат репродуцирани во судница оти и на мене и на Миле грубо ни се прекршени човековите права. Би биле доведени во ситуација судот да донесе неправилна одлука од нешто што произлегува од најгрубо кршење на човековите права, со тоа што биле прислушувани нашите разговори со години без судска наредба“, рече Јанкулоска.

Јанакиески рече дека тој и Јанкуловска се обратиле до Народниот правобранител оти не добиле од СЈО информација кога и како биле прислушувани и со цел да ги остварат своите права како граѓани на Република Македонија.

-Не само што незаконски сум бил следен со години, туку не е сигурна ни автентичноста на тие разговори“, рече Јанакиески.

Судот го одби барањето на одбраната по што започна слушањето на разговорите.

И дијаспората „за уши“

Во 15 бомби, кои вчера беа пуштени во судот се слушаа разговори за гласањето во дијаспората, односно како партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ договара дијаспората да се пријави за гласање оти интересот бил многу мал.

Во сите нив доминира тогашниот шеф во кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, кој му дава насоки на екс – министерот, Миле Јанакиески. Се предлага и амбасадори и конзули во Америка и Австралија да одат од врата на врата и да се посетуваат по 70 луѓе дневно, бидејќи заинтересираноста за гласање била мала.

„Да се врти во секое македонско друштво и таму да се назначат по двајца кои ќе вртат и ќе им спремаат на луѓето да пополнат формулари. И плус амбасадорите и конзулите да одат од врата на врата, во сите амбасади да има кол-центар. Вие од Скопје ќе вртите по два-трипати на ден ќе им се качувате на глава, до кај сте, колку донесовте денес, зошто не се гледате со луѓе, ќе го информираме премиерот“ – вели Протоѓер во разговор со Јанакиески

Рочиштата за „Титаник“ заради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска ќе се одржуваат во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.

За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

„Титаник“ бомби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 17, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

ВЕСТИ June 17, 2026

Според документот, Иран и САД, заедно со нивните сојузници, би прогласиле моментален и траен крај…

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.