Три гола, два црвени картона и ниту една победа на домашните екипи на четирите натпревари што се одиграа попладнево за комплетирање на второто коло во македонската Прва фудбалска лига. Најефикасно беше на стадионот „Младост“ во Струмица каде екипата на Академија Пандев ја совлада Беласица со 2:0 во градското дерби и се издвои на првото место на табелата со шест бода што ја прави единствена во конкуренцијата. Двата гола ги постигна Марио Крстовски во 75. минута и во 86. минута.
Во второто полувреме беше решен победникот и во Тетово. Вардар ја совлада Ренова со 1:0 со погодокот на Тигран Барсегјан во 75. минута за прва радост на „црвено-црните“ во новата сезоната по ремито минатиот викенд против Шкендија (2:2). Шампионот, пак, ниту во вториот обид не успеа до три бода. Тетовци овојпат ремизираа без голови против Македонија во Ѓорче Петров пред гостувањето во четврток во Трондхајм кај тимот на Розенборг во првиот меч од баражот за групи во Лига Европа.
Голови немаше ниту на стадионот „Чаир“ во средбата меѓу Шкупи и Победа. Единствена домашна екипа што забележа победа овој викенд беше Работнички. Дебармаалци славеа над Силекс со 2:1
Прва лига, 2 коло
Резултати: Ренова – Вардар 0:1, Беласица – Академија Пандев 0:2, Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 0:0, Шкупи – Победа 0:0, Работнички – Силекс 2:1.
Табела: Академија Пандев 6, Вардар 4, Победа 4, Работнички 3, Ренова 3, Шкендија 2, Шкупи 2, Силекс 1, Македонија Ѓ.П. 1, Беласица 0.
Идно коло (26 август, 16.30 ч.): Силекс – Ренова, Победа – Работнички, Академија Пандев – Шкупи, Шкендија – Беласица, Вардар – Македонија Ѓорче Петров.