Новак Ѓоковиќ, конечно, може да се пофали со комплет титули од серијата 1.000 на АТП турот. Најдобриот српски тенисер ја освои и последната што му недостасуваше, откако во финалето на турнирот во Синсинати што се играше за награден фонд од 6,3 милиони долари го совлада Роџер Федерер со 6:4, 6:4 за т.н. „златен Мастерс“.
Мастерси има девет во текот на една календарска година. Во категоријката, покрај Синсинати, влегуваат и турнирите во Мајами, во Индијан Велс, во Мадрид, во Монте Карло, во Рим, во Париз, во Торонто и во Шангај.
Седмиот гем во двата сета беше решавачки за конечниот исход. Ѓоковиќ ги освои на сервис на Федерер и за еден час и 24 минути игра се впиша во тениската историја и додаде 1.000 поени на бодовното конто што ќе продуцираат и голем скок на новата АТП листа.
АТП Мастерс во Синсинати – награден фонд 6,3 милиони долари
Финале: Ѓоковиќ (Србија) – Федерер (Швајцарија) 6:4, 6:4