НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Има сили кои сакаат проблеми за да не успее референдумот

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во пресрет на референдумот ситуацијата во земјата е стабилна, институциите функционираат, иако постојат сили кои гледаат шанса, преку нарушување на безбедноста, да остварат некакви свои цели, да се спротивстават на нашето членство во НАТО и во Европската унија“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА.

Сепак, вели дека тоа се минорни сили кои не можат да придонесат за дестабилизација.

– Граѓаните на Република Македонија имаат можност на 30 септември да донесат самостојно одлука за иднината на оваа држава, нагласува Спасовски.

Геостратешката положба на Македонија, посочува министерот, носи одредени ризици и предизвици, но тие се превенираат, меѓу другото, и со добро функционирање, размена на податоци и искуства со пријателските служби со кои соработува Република Македонија.

– Верувајте дека Република Македонија има многу пријатели кои помагаат, пред се, да ја одржиме стабилноста во државата, да се гарантира безбедноста – целовитоста на државата, истакнува Спасовски.

За тврдењата дека странски служби се обидуваат да „роварат“ пред референдумот и за руско мешање во „македонските работи“, Спасовски вели дека Македонија има јасен став, национален, витален интерес да стане членка на НАТО и на ЕУ, не сака да се мешаме во работите на други држави, ниту од регионот, ниту пошироко, но нема да дозволиме некој да и наметнува свои интереси.

– Ако разговараме за тоа дали ставот на Русија е дека Македонија не треба да биде членка на НАТО- да, тоа е нивен став. Меѓутоа, наш јасен став, национален, витален интерес за Македонија е да стане членка на НАТО и на Европската унија. Да, ни се случуваат одредени групирања на политички структури, на поединци итн. кои сакаат да се спротивстават на интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Да, има такви структури, има такви поединци во Република Македонија кои сметаат дека заради задоволување на некакви свои лични интереси би го искористиле моментот за да се спротивстават на членството во ЕУ и НАТО, а на таа сметка да добијат некакво свое конто на политичка популарност. Меѓутоа, нема сили кои идеолошки се врзани и преку идеологија сакаат да се спротивстават заради тоа што не можат, немаат алтернатива на процесите кои ни се случуваат во земјата. Затоа, сметам дека Македонија е доволно цврста во своите намери да ја реализира својата цел – да биде членка на НАТО и на ЕУ, наведува министерот за внатрешни работи.

Во интервјуто за МИА што во целост ќе биде објавено утре, министерот Спасовски зборува и за реформата на МВР, посебно на УБК, формирањето на ОТА и ставањето на прислушувањето во строго контролирани законски рамки, или како што вели „ за реформата на умот што мора да ја направиме“.

безбедност НАТО референдум Русија Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.