На свечена церемонија во „Грималди форум“ во Монако се извлечени групите за 27. издание на фудбалската Лига на шампиони на УЕФА. Бранителот на титулата Реал Мадрид заврши во Г конкуренцијата заедно со Рома, со московска ЦСКА и со Викторија Плзен од Чешка. Атлетико Мадрид, пак, на чиј стадион „Ванда Метрополитано“ ќе се одигра финалето во 2019 година ќе игра во групата А со Борусија Дортмунд, со Монако и со Бриж.
Единствениот претставник од просторите на поранешна Југославија, Црвена звезда ќе дебитира во овој формат на елитното натпреварување во групата Ц. Ривали на белградските „црвено-бели“ се моќниот ПСЖ со Нејмар, Ливерпул на Јирген Клоп и со Мо Салах и Наполи.
Групи за фудбалската Лига на шампиони за сезоната 2018/19
ГРУПА А
Атлетико Мадрид (Шпанија)
Борусија Дортмунд (Германија)
Монако (Франција)
Бриж (Белгија)
ГРУПА Б
Барселона (Шпанија)
Тотенхем (Англија)
ПСВ Ајндховен (Холандија)
Интер (Италија)
ГРУПА Ц
ПСЖ (Франција)
Наполи (Италија)
Ливерпул (Англија)
Црвена звезда (Србија)
ГРУПА Д
Локомотив Москва (Русија)
Порто (Португалија)
Шалке 04 (Германија)
Галатасарај (Турција)
ГРУПА Е
Баерн Минхен (Германија)
Бенфика (Португалија)
Ајакс (Холандија)
АЕК (Грција)
ГРУПА Ф
Манчестер сити (Англија)
Шахтјор Доњецк (Украина)
Олимпик Лион (Франција)
Хофенхајм (Германија)
ГРУПА Г
Реал Мадрид (Шпанија)
Рома (Италија)
ЦСКА Москва (Русија)
Викторија Плзен (Чешка)
ГРУПА Х
Јувентус (Италија)
Манчестер јунајтед (Англија)
Валенсија (Шпанија)
Јанг Бојс (Швајцарија)
Новата сезона во Лигата на шампиони ќе започне на 18/19 септември за кога се закажани мечевите од првото коло по групи.