НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прославата за 8. Септември под мотото „Заедно одиме напред“

1
By Нова ТВ on September 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денот на независноста 8. Септември годинава ќе се одбележи под мотото „Заедно одиме напред“, а прославата ќе биде во дворот на Владата.

Прославата ќе започне во 18 часот, каде ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Ќе настапат Макеоднската филхармонија со песни на познатиот американски диџеј и автор Хуан Аткинс. Ќе настапи и македонскиот диџеј Огнен Узунов.

Влезот е слободен и можат да присуствуват сите граѓани.

Од Владата засега не можат да потврдат дали и германската канцеларка Ангела Меркел, која в сабота ќе биде во Скопје, ќе присуствува на прославата, бидејќи нејзината агенда се уште не е утврдена.

Оттаму исто така додаваат дека посетата на германската канцеларка која се совпаѓа со Денот на независноста е само по себе „голем симболичен гест“.

Вечерва во Скопје пристигнува генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој работниот дел од престојот ќе го започне утре, со посета на Општината Гази Баба, а потоа ќе присуствува на показна вежба во касарната „Илинден“, по што ќе има прес конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Средбата со премиерот Заев е планирана да се одржи попладнето во Клубот на пратениците.

Според агендата од прес-службата на НАТО, Столтенберг во Скопје ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Утре (6 септември) во Скопје ќе пристигне и автрискиот премиер Себастијан Курц, кој според агендата исто така треба да биде во земјава на Денот на независноста.

Посетата на високи странски гости ќе ја заокружи Ангела Меркел, за која е потврдено дека пристигнува на 8 септември, но тајмингот на средбите се уште не се соопштува.

-Во една година првпат ни се случува генерален секртетар на НАТО да ја посети нашата земја која се уште не е членка на Алијансата. Во само два дена ќе ги имаме канцеларите на Австрија и Германија во посета на Македонија. Тоа покажува дека светот навистина го цени тоа што се случува во Република Македонија и дава силна поддршка на нашите две стратешки цели членство во ЕУ и НАТО, рече денеска министерката за одбрана Шекеринска.

8 септември Курц Меркел прослава Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.