НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведоштво на Заев за 27 април: Толпата бараше да бидеме убиени

2
By Нова ТВ on September 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За цело време додека траеја нападите чувствував страв затоа што луѓето во прес салата извикуваа „Заев ти си следниот, затоа што Села го убивме“ – вака го започна сведочењето премиерот Зоран Заев во Кривичниот суд во Скопје, за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

На директни прашања од обвинителката Вилма Рускоска Заев рече дека на 27 април минатата година додека бил во Собранието во прес-салата на мониторите виделе како во Собранието влегува толпа луѓе.

Додаде дека со влегувањето на луѓето во прес-салата тој и пратениците биле изложени на постојани физички и вербални напади кои безмалку траеле два часа.

– Убиј го Заев. Убиј ги пратениците. Фатете ги предавниците. Парарелно трпевме и физички напади. Бевме раскрварени од удари и по главата и по телото. Јас имав шест исекотини на главата од кои три на лицето. Дел од луѓето се обидуваа на секој можен начин да одземат живот. Знам што значи тепачка и некој да се степа, но лично јас неполни два часа очекував да го изгубам животот, рече Заев.

Според него, најстрашен бил моментот кога во вториот ред по напаѓачите се шетале луѓе кои биле наредбодавачи и гледале чиста мета, ветојатно, како што рече, за да маваат со нешто или да пукаат. – Велам да пукаат зошто беше забележано дека дел од тие луѓе носат огнено оружје и може да го употребат. Тие два часа изгледаа цела една вечност, рече Заев.

Судот пак беше заинтересиран дали Заев може да препознае некој од обвинетите за кои што Заев тврдеше дека носел пиштол во прес салата.

– Можам да потврдам само за еден човек, а тоа е Игор Југ – рече Заев.

Одбраната инсистираше дека изборот на Џафери е причина за револтот

Како и од претходните сведоци, така и од Заев одбраната се обидуваше да извлече исказ дека обвинетите влегле во Собрание, само затоа што биле револтирани од начинот на избор на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Кога еден од адвокатите не успеа да го стори тоа му се извини на Заев заради предолгото време на испитување.

Адвокатот Еленко Миланов го праша Заев, дали е точно дека во останатиот дел од Собранието не се случило никакво насилство, туку тоа се случило само во прес салата на Собранието.

На ова приговараше обвинителката Вилма Рушковска, која рече дека сведокот Заев не може да знае што се случувало во другиот дел на Собранието, затоа што е невозможно во исто време физички да биде присутен на две различни места.

Судот го прифати приговорот на обвинителката и не му дозволи на Заев да одговори на ова прашање.

Спасовски: Ѓорчев ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ, но тие не дојдоа

– Во прес салата прво влезе група луѓе со фантомки на глава, а потоа и други луѓе, на пример некои од нив други и познав, како на пример Бате Геле, кој со слика на Сашо Мијалков во рацете викаше по нас „ќе ве убиеме сите до еден“. Меѓу другите што напаѓаа имаше и вработени во МВР, како што е човекот што на пример го викаат Џачката, не тепаа, не маваа, не туркаа, ни се закануваа дека ќе не убијат сите. По извесно време во салата влегоа луѓето од моето обезбедување и по некое време Ацо Ангеловски ја извади легитимацијата и побара напаѓачите да отстапат, но ништо не се случи. Потоа тој извади пиштол и пукаше во воздух – сведочеше Оливер Спасовски.

Тој во детали раскажуваше за движењето на напаѓачите, како и за тоа дека за човек што првпат влегува во Собрание, не може за кратко време да стигне до прес салата.

Спасовски пред Судот раскажа дека единствени кои притчале во помош се пратеникот Влатко Ѓорчев и уште неколкумина луѓе кои ги повикал тој.

– Ѓорчев застана пред насилниците, почна да ги смирува, побара дел од нив да застанат да не бранат. Еден од присутните со Ѓорчев ни даде половина од црна маица за да може да го запреме крварењето добиено од повредите на пратеникот Љупчо Николовски. Другата половина му ја дадов на Заев зошто тој човек ми рече – нема да дозволам како патриот ниеден Македонец да умре. Ѓорчев ги повикуваше по телефон и другите пратеници на ВМРО ДПМНЕ, но никој од нив не дојде да ни помогне. Подоцна само Никола Тодоров дојде и викна Брза помош – сведочеше Спасовски.

Непријатно е кога се наоѓате во ситуација како пратеник државата да дозволи да се урива дел од структурата на државата , но сепак овој процес мора да заврши за доброто на Македонија – изјави министерот Спасовски во завршувањето на неговото сведочење во Судот, и изрази надеж дека Судот ќе донесе правилна одлука за како што рече граѓаните да почувствуваат дека сепак има правда, дека некој се грижи за неа.

Мемеди го посочи Југ

Пратеникот на ДУИ Весел Мемеди на денешното сведочење на судењето за упадот во Собранието на 27 април го посочи обвинетиот Игор Југ како човекот кој носел пиштол во прес салата кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени во собраниските служби.

– Човекот во третиот ред со црна маица е тој што го видов дека носеше пиштол. Разликата е во тоа што тогаш тој имаше брада, а сега ја нема – рече Весели без да го спомне името на Југ.

Според лоцирањето во судницата, судот заклучи дека Мемеди зборува за обвинетиот Игор Југ.

Претходно, сведочеше екс министерот за здравство Никола Тодоров. Тој во исказот рече дека откако бил известен од Шекеринска дека се случуваат насилства и дека можеби има и жртви, тој дошол во Собранието и успеал да ги евакуира Села и Шеќеринска- него го маскирал во полицаец со значка, а Шеќеринска во докторка со бел мантил, маска, капа и торба.

-Ги товарив во амбулантно возило и ги однесов во Клиничкиот центар“, сведочеше Тодоров.

Солзавец во судницата

Кај роднина на еден од обвинетите е пронајден солзавец за време на сведочењето на министерот Спасовски.

– Давам наредба оваа личност да се отстрани од салата и да и се забрани присуство се додека трае ова судење – рече Кацарска.

 

27.април Весели Заев сведочење Спасовски судење Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.