НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Со Договорот од Преспа Солун ќе биде лидер во регионот

0
By Нова ТВ on September 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За реализирање на визијата за поинаков Солун, за Солун лидер на Балканот и основна трговска, транспортна, енергетска и економска точка во регионот,  помага и Договорот од Преспа, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со администрацијата на Меѓународниот саем, јави МИА од Атина.

Ципрас овогодинешниот саем го карактеризираше како историски, бидејќи е прв во пост меморандумскиот период, а говореше и за визијата, Солун да стане економска и трговска престолнина на Балканот.

 

-Првиот чекор за ова е (Солун) да добие лидерска улога на Балканот и во рамките на оваа цел, за да ја реализираме оваа визија,  длабоко верувам дека е договорот со поранешната југословенска Република Македонија што менува насока и ориентација на градот и на Северна Грција. Запира Солун и Северна Грција да се со свртен грб кон просторот што економски и трговски е од витално значење, а тоа се соседните земји и се ориентира за да стане основна трговска, транспортна, енергетска, економска точка на Балканот, а Солун да биде прво пристаниште на Балканот, ова е прв чекор за да имаме визија за еден поинаков Солун, рече Алексис Ципрас.

Најавени протести, градот под драконски безбедносни мерки

Солун е под драконски безбедносни мерки, а за да се спречат било какви инциденти ангажирани се над 5000 полицајци од цела Грција.

Свеченото отворање на Саемот ќе биде во 19 часот по локално време, а паралелно се закажани 4 различни протести.

Грчките организации од дијаспората и „Комисиите за борба за Македонија“ ги повикуваат Грците „на мирен и решителен начин, без партиски обележја и без говорници“ да излезат на протест Против Договорот од Преспа.

Според грчките медиуми, на повеќе локации во Солун, се појавија постери со грчкиот премиер и со пораката „Непожелен“.

Двата најголеми синдикати на вработените во приватниот и јавниот сектор, исто така ќе одржат протест, но исклучиво поради економската ситуација во земјата, со барање да се поништат сите мерки што произлегуваат од меморандумите.

Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, ги повикува граѓаните да им се придружат и против владината политика, но и поради Договорот од Преспа и НАТО.

Засебни собири закажаа и анархистичките организации и здруженија.

Оваа година, САД се почесна земја на Меѓународниот саем.

Утрово беше свечено отворен штандот на САД, во присуство на американскиот државен секретар за трговија, грчкиот премиер и министри од грчката влада.

Според најавите, се очекува оваа година, Меѓународниот саем во Солун да биде најголем до сега со 1500 штандови од 20 земји, а меѓу нив и Македонија, а процените се дека саемот ќе го посетат над 290 илјади посетители.

83. саем започнува денеска, а ќе трае до 16 септември. За време на саемот, обраќања и прес конференции, освен грчкиот премиер, ќе имаат и лидерите на речиси сите грчки политички партии.

Договор Саем Солун Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.