Демонстрантите и полицијата се судрија во Солун за време на протестите против Договорот од Преспа. Инцидентите ги предизвикала група од 50 маскирани демонстранти кои ги нападнале полицајците со молотови коктели во близина на Градското собрание. Полицијата одговорила со солзавец и со шок бомби. Ситауцијата е се уште е напната, објавија грчките медиуми, посебно што демонстрантите не се повлекуваат, туку ги напаѓаат полицајците со знамиња и камења.
Демонстрантите кои тргнаа од Белата кула во Солун порано од предвидениот термин извикуваа погрдни слогани против солунскиот градоначалник Бутарис и грчкиот премиер Ципрас. Во центарот на Солун има околу стотина полицајци.Демонстрациите се одржуваат во близина на објектот каде што се одржува Меѓународниот саем и каде говор треба да одржи грчкиот премиер.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=29&v=Cq6AJUtz5Bs