Премиерот Зоран Заев по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи, порача дека ќе прифати дебата кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе биде против бојкот на референдумот.
-Кога ќе соопшти дека е против бојкот, нека каже и нека избере медиум. Себеси се сметам за промотор на дебатата. Бојкотирањето на иднината на Македонија не заслужува дебата. Ќе прифатам дебата кога ќе каже дека е против бојкотирањето, изјави Заев.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на вчерашната прес конференција го повика премиерот Заев на нов дуел, на дебата за Договорот. Мицкоски повтори дека ВМРО ДПМНЕ е против Договорот од Преспа, бидејќи со него, како што кажа се уриваат сите принципи и позициите кои долго се граделе. Посебно затоа што со него се менува Уставот, што е против ставовите на партијата.
– ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, тоа се нашите пријатели и партнери. Ние сме силно против договорот, оти не ги одразува интересите на Република Македонија – рече Мицкоски.