НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО директно посочи четворица судии кои работеле по нарачки на власта

0
By Соња Петрушевска on September 14, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство објави посебен Извештај кој го достави Собранието,а  во кој наведува конкретни имиња на судии кои во „својата работа постапувале несоодветно и спротивно на судските правила“. Ваквото тврдење, СЈО го темели врз основа на прислушуваните разговори за кои како што пишува во Посебниот извештај на СЈО, посочените судии се „откажуваат од својата независност и пристрасност за да ги унапредат интересите на Владата или нивните сопствени интереси“. Од СЈО велат дека целта на поднесување на овој посебен Извештај не е само за да се документира минатото и несоодветно постапување на судиите, туку за да не продолжи да се поткопува владеењето на правото во Македонија и да не се попречува евроатлантската интеграција на земјата.

Александра Зафировска, член на Судски совет  Jавно објавените телефонски разговори меѓу Александра Зафировска, тогашен претседател на Судскиот совет на Република Македонија со високи функционери во Владата на Република Македонија, како и необјавените телефонски комуникации кои ги поседува ова Јавно обвинителство се јасен показател дека истата со своето постапување не само што не го оневозможила политичкото влијание во судството, туку напротив ширум ја отворила вратата овозможувајќи и на тогашната владеачка политичка партија да ги земе во целост под своја контрола институциите на судскиот систем преку нарачани и договорени избори на судии, директно интервенирање во носење на
судски одлуки, корупција, реваншизам и воопшто со еден збор политизирање на сите сегменти на судската власт, пишува во Извештајот на СЈО.  Содржината на аудио материјалите несомнено упатува на заклучок дека тогашниот премиер, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање одлучувале за избор на „подобни“ судии и разрешување на „неподобни“ судии, стручните соработници ги бирале според партиски списоци, ја менаџирале работата  на судовите, интервенирале во судски постапки итн. СЈО прашува дали  државата останува беспомошна во санкционирањето на ваквите појави имајќи предвид дека Александра Зафировска и во моментот е член на Судскиот совет и од неа се очекува како поединец да ја унапреди независноста и функционалноста на судството.

Јово Вангеловски Сознанијата до кои дојде СЈО, при своето тековно работење, на кои секако се надоврзува јавно објавениот разговор меѓу Јово Вангеловски како претседател на Врховниот суд на Република Македонија и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски, како и необјавени разговори остварени од страна на Јово Вангеловски во 2011 и 2012 година покажуваат непрофесионално и несовесно извршување на функцијата претседател на Врховниот суд на Република Македонија, на начин што истиот во повеќе наврати на свои соговорници им изнесувал информации од судските постапки кои се водат пред Врховниот суд, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето, пишува во објавениот Извештај. СЈО цитира и делови објавени во Извештајот на Министерството за правда во работењето на Врховниот суд на Република Македонија и во кој пишува дека :„Во 2017 распоредот бил сменет 9 пати. Со честите промени во Годишниот распоред за работа на судот се влијае на составот на советите кои одлучуваат по предметите, што повлекува и рачна прераспределба на предмети. За распределбите постои писмена одлука од претседателот на судот, но истата не е во согласност со одредбите на Судскиот деловник. На овој начин случајниот избор на судија со автоматската рапределба на предметите се суспендира и наместо   случаен избор на судија се добива очекуван избор на судија.“

Софија Лаличиќ,  Од содржината на поголем број телефонски разговори остварени пред изборот за судија на Софија Лаличиќ произлегува дека повеќе од една година пред да биде избрана за судија и била ветена судиска функција. Имено, изборот за судија на Лаличиќ бил оддамна планиран и однапред договорен, а во нејзиното незаконско избирање за судија биле инволвирани одредени членови од Судскиот совет, високи функционери од извршната и судската власт, а со особен придонес на тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, открива СЈО во својот Извештај. Интервјуирањето на кандидатите пријавени на конкурсот за избор на судии го спроведувале две комисии. Знаејќи дека одредени членови од Судскиот совет на Република Македонија се повикуваат на состаноците на кои функционери на извршната и судската власт договарале кој ќе биде избран за судија, Софија Лаличиќ неслучајно одбрала да влезе на интервју пред комисијата во чиј состав биле некои од тие членови.  Нејзните конекции со извршната власт, според СЈО не завршуваат со изборот за судија. Задоволување на приватни интереси и интереси на нејзини блиски луѓе, интервенции и ургенции од секаков карактер, споделување информации и сознанија до кои дошла при вршење на функцијата за цели кои не биле поврзани со судиските должности, запознавање на трети лица со внатрешните состојби и односи во судот во кој вршела должност, недостоинствено однесување во личните и социјални односи и дозволување истите да влијаат на несоодветен начин во нејзиното однесување при вршење на функцијата се само дел од начините на кои била користена моќта која ја носи судиската функција.

Светлана Костова Аудио снимка од телефонски разговор помеѓу Сашо Мијалков и Светлана Костова јавно објавена на 19.03.2015 година го открива начинот на кој Светлана Костова била избрана за судија на Виш управен суд.  Доказите со кои располага обвинителството, особено смс комуникацијата и телефонските разговори остварени од страна на Светлана Костова во периодот од 2011 година, на повеќе теми и со повеќе лица, го наметнуваат прашањето за инкомпатибилност на судиската функција со вршење на друга јавна функција, работа или дејност.  Телефонски комуникации остварени од страна на судија Светлана Костова во месец септември и октомври 2011 година,односно два до три месеци по нејзиното стапување на функцијата судија на Вишуправен суд, покажуваат дека таа продолжила активно да учествува во дневните обврски што ги имала во Управата за безбедност и контраразузнавање каде што работела пред да биде избрана за судија. Фактот дека Светлана Костова паралелно извршувала работни задачи и како судија и во Управата за безбедност и контраразузнавање несомнено го доведува во прашање како нејзиниот личен интегритет, така и институционалната независност на судиската функција.

СЈО констатира дека иако овие судии прекршиле повеќе одредби од Законот за судови и Судскиот кодекс не е покрената никаква постапка. Поради ова, Специјална јавна обвинителка Катица Јанева од Собранието бара по итна постапка да  се донесат  измени на Законот за судски совет со кои ќе се пролонгира рокот за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд и построго санкционирање кое пред сѐ ќе спречи несоодветен напредок во кариерата. Според сегашниот Закон за судски совет за да се поведе постапка за поведување на одговорност треба да поминат„ шест месеци од денот на осознавање на сторената повреда, но не подоцна од три години од денот на сторувањето на повредата“.

За да се исполнат препораките на телото за борба против корупција на Советот на Европа – ГРЕКО и на Прибе за деполитизација на судиите и  нивно унапредување според транспаретни и објективни критериуми, Јанева пишува дека реформите треба да започнат од Судскиот совет поради централната улога што ја има во судството.

Јанева предлага да се усвојат уставни измени со кои  законодавниот дом би се откажал од својата уставна надлежност да избира членови на Судскиот совет, а воедно и да се одземе уставното право на Претседателот на Републиката да предлага членови на судскиот совет. На ваков начин ќе се спречи секое евентуално мешање на извршната и законодавната власт во независноста на судството. Исто така од СЈО предлагаат да се разгледа можноста сите членови на судскиот совет, да ги избираат судиите од своите редови на непосредни избори со тајно гласање. Како членови можат да конкурираат само веќе избрани судии, а не и „истакнати правници“, термин  преку кој досега во судството беа инфилтрирани повеќе личности со сомнителни биографии, констатира СЈО.  Членовите на Судскиот совет би биле со пократок мандат и истовремено ќе продолжат да си ја вршат  и судиската функција. СЈО предлага и измена  на посебните услови за избор на судија во Управниот суд и во Вишиот управен суд и да се отфрли досегашната можност  за судија да биде избрано лице кое има пет односно шест години стаж на правни работи во државен орган. Поради вака предвидената можност во Управниот суд и во Вишиот управен суд се бираат за судии лица кои доаѓаат директно од институциите на извршната власт без никакво судиско искуство позади себе, а од друга стана се овозможи да преку влезот во овие два суда на полесен начин се стигне до унапредување со избор за судија во некој апелационен суд или пак до унапредување со избор за судија во Врховниот суд на Република Македонија.

Од СЈО велат дека овој посебен Извештај и нивните предлози треба да овозможат независен и
непристрасен суд  кој според перцепцијата на граѓаните сеуште останува само идеја запишана во законите.

 

Извештај СЈО судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.