Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тирана – Истанбул: И Еди Рама на промотивниот лет на „Ер Албанија“

0
By Нова ТВ on September 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 15, 2018 15:11

Албанскиот национален авиопревозник „Ер Албанија“ денеска реализира промотивен лет. Авион од типот „Ербас 319“ полета од меѓународниот аеродром во Тирана кон Истанбул, а првите патници беа најдобрите според успехот студенти и матуранти како и премиерот Еди Рама.

„Изборот први патници да бидат најдобрите студенти и матуранти е поради фактот што тие се светлото лице на другите генерации. Верувам дека тие ќе имаат среќна нога за авиокомпанијата“, рече Рама.

Претходно на инаугурацијата на компанијата Рама најави дека секој од авионите ќе носи име на албански поети. Првиот авион го доби името „Ласгуш“. По еден месец ќе полета авионот „Миѓени“ додека до крајот на годината „Имзот Ноли“ ќе лета на релацијата Тирана-Њујорк.

Рама најави изградба на уште три аеродроми во земјата – во Кукс, во Саранда и во Валона.

Албанската авиокомпанија „Ер Албанија“ беше формирана во ноември минатата година со помош на „Туркиш Ерлајнс“ за што голема благодарност Рама упати до шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган и на извршниот директор на турскиот авиопревозник, затоа што, како што рече, и обезбедиле ваква скапоцена помош на Албанија.

Тројца партнери во „Ер Албанија” се „Албконтрол” со 10 проценти што ја претставува албанската страна како и „Туркиш ерлајнс“ и „МДН Инвестмент” со 49  односно 41 процент од акциите.

Албанскиот премиер најави воспоставување на летови од Тирана до Скопје, Подгорица, Приштина, Сараево, Загреб, Милано и Лондон.

„Ер Албанија“ Албанија Еди Рама Промоција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.