НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За пет отсто повисоки плати во образование, во здравство и во градинки

0
By Нова ТВ on September 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во градинките, во училиштата и во болниците ќе имаат зголемување на платите за пет отсто. Покачувањето почнува од септемвриската плата што ќе се исплати во октомври.

Ова на денешната заедничка прес-конференција во Владата го соопштија министрите за финансии, за здравство, за образование и наука и за труд и социјална политика Драган Тевдовски, Венко Филипче, Арбер Адеми и Мила Царовска.

Министерот Тевдовски информира дека оваа промена ја најавиле уште со Буџетот за 2018 година, кој беше донесен минатата година.

„Јасно ни е дека не се работи за голема промена. Промената е согласно со можностите, но насоката е јасна. За Владата зајакнувањето на јавното здравство и образованието е приоритет. Образованието и здравството се темели на општеството и не смееме да дозволиме земјата да биде на дното на ПИСА-тестовите и не смееме да дозволиме докторите да се иселуваат или да си одат од јавното здравство. Ние сме решени да вложуваме во човечкиот капитал“, потенцира Тевдовски.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми појасни дека сите вработени во јавните и државните основни и средни училишта во земјата, независно дали се ангажирани на неопределено или на определено работно време, ќе добијат зголемување на платите за пет отсто. Станува збор за околу 30 илјади вработени од кои 21.288 во основно и 8.950 во средно образование.

Предвидените средства за оваа година за последниот квартал изнесуваат 145 милиони денари додека за следните години се предвидени околу 580 милиони денари.

„Дополнително со потпишаните спогодби на вработените во образованието им се гарантира и најнискиот износ на плата и тоа 12.714 денари во основните училишта и 13.117 денари во средните училишта“, рече Адеми.

Во јавното здравство, пак, зголемување ќе добијат 19.123 вработени за што се издвоени 117.483.846  денари од буџетот за 2018 година.

Министерот Филипче соопшти дека на наставниот кадар во хируршките гранки на универзитетските клиники во просек платата ќе се зголеми за 5.300 денари, а на докторите специјалисти на универзитетските клиники за 4.500 денари. На медицинските сестри на универзитетските клиники со високо образование во просек ќе биде две илјади денари, а на средно медицинскиот кадар за околу 1.500 денари на универзитетските клиники.

Во општите болници со зголемување на платата наставниот кадар ќе зема поголема плата за околу 4.700 денари, лекарите специјалисти за 4.060 денари, медицинските сестри со високо образование за 2.050 денари, а средномедицинскиот кадар ќе зема поголема плата за 1.050 денари.

„Како министер за здравство и како доктор убеден сум дека со зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд, нешто што го направивме претходно, како и зголемување на платите ќе се даде значаен стимул за подобрување на положбата и достоинството на сите работници во македонскиот здравствен систем“, рече Филипче.

Министерката Царовска нагласи дека зголемување од пет отсто ќе добијат и сите воспитувачки и негувателки кои работат во предучилишното образование. Се работи за 4.295 вработени за што МТСПП обезбеди 15 милиони денари.

„На ова зголемување од пет отсто му претходеше зголемување од два отсто кое се случи минатата година. И не застануваме тука. Постојано заедно со вработените и со синдикатите работиме на создавање систем на професионален развој во предучилишно образование и кариерно зголемување на платите понатаму“, рече Царовска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Тевдовски потсети дека ова зголемување на платите беше најавено од минатата година, беше внесено во Буџетот, изгласано од страна на Собранието на Република Македонија кога не се знаело дека ќе има референдум.

зголемување здравство образование плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.